Грчки колач: Чоколадни коцки со ф’стаци

Грчки колач: Чоколадни коцки со ф’стаци

Погледнете го овој рецепт како да подготвите вкусен колач со кој ќе го израдувате целото семејство.

Грчки колач: Чоколадни коцки со ф’стаци

Потребни состојки:

  • 250 грама путер
  • 235 грама кафеав шеќер
  • 300 грама брашно
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 35 грама какао во прав
  • 250 милилитри павлака или јогурт
  • 250 грама темно чоколадо

За глазура:

  • 150 грама темно чоколадо
  • 80 милилитри павлака за готвење
  • 100 грама излупени ф’стаци

Начин на подготовка:

Стопете го чоколадото на пареа.

Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер, потоа додајте ги јајцата едно по едно и на крајот сувите состојки – брашното, прашокот за печиво и какаото во прав.

Измешајте ги павлаката или јогуртот во растопеното чоколадо.

Турете го тестото во сад за печење прекриен со хартија за печење и печете околу еден час.

Откога ќе се излади, додека е во тавата, премачкајте го колачот со глазурата. Глазурата се добива со мешање на чоколадото и на павлаката во помал сад, па се готви на средна топлина додека не се добие мазна смеса.

Додека преливот на колачот е сè уште топол, посипете го со сечкани ф’стаци.

Погледнете како да направите вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар