Говорот на очите: Што открива неговиот поглед?
Говорот на телото, односно говорот на очите може да каже многу повеќе од неговите зборови. Гледајќи го во очи можете да откриете колку вистина има во тоа што ви го зборува. Научете што значи секој од овие 8 погледи и постанете мајстор за читање на мажите.
1. Поглед нагоре и влево – Искрен е кога ви вели дека синоќа заспал на каучот, па затоа не ви одговорил на пораката.
2. Поглед нагоре и вдесно – Се обидува да смисли некој добар изговор зошто синоќа не ви одговорил на пораката.
3. Поглед надолу и влево – Ако е во тек на некоја расправија, го занемарува вашиот предлог.
4. Поглед надолу и вдесно – Вашиот предлог го зема предвид.
5. Директно во очи – Го цени вашето мислење.
6. Избегнува поглед во очи – Тоа е обично знак за некој вид страв, посебно ако сакате да шефувате.
7. Во вас, па малку зад вас – Не, можеби навистина не гледа што се случува зад вас бидејќи вие не сте му интересна, туку открива дека не е многу вешт во комуникацијата.
8. Право пред себе – Кога нешто го прашувате, а тој гледа право пред себе, тоа најчесто значи едно – сака да ја избегне споменатата тема.