Претходно
Готови за 90 секунди: Рецепт за сочни лепчиња без пченично брашно
Овие кето лепчиња може да ги намачкате со хумус, со намаз од авокадо, со домашен џем или со други омилени состојки.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 1 лажица растопен путер или масло
- 3 лажици бадемово брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- прстофат сол
Начин на подготовка:
1. Измешајте ги сите состојки во еден сад и мешајте додека не добиете смеса без грутки, потоа ставете ги во подмачкани чинии погодни за микробранова печка.
2. Печете ги 90 секунди, а потоа откако малку ќе се изладат, преполовете ги лепчињата. По желба, можете да ги премачкате со путер и да ги пржете во загреана тава или да ги загреете на тостер.
Прочитајте кои 6 зачини може да ги користите ако сте на кето диета.