Готова е за половина час: Рецепт за највкусната кремпита!
Денес ви споделуваме рецепт за сочна и кремаста торта за која ќе ви бидат потребни 30 минути. Многумина мислат дека за подготовка на кремпитите е потребно многу време и состојки, но за овој рецепт потребни ви се само седум состојки, а кремпитата ќе биде готова за половина час!
Потребни состојки:
- 200 грама шеќер
- 1 лиснато тесто
- 2 пудинзи од ванила
- 6 јајца
- 4 лажици брашно
- 1,4 литри млеко
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
1. Најпрво се одвојуваат жолчките од белките, па се мешаат одвоените жолчки со 150 грама шеќер, пудинг, брашно и 4 децилитри млеко. Смесата се вари во литар врело млеко како пудинг.
2. Изматете ги белките и измешајте ги со преостанатиот шеќер, па измешајте ја добиената смеса со претходно направениот крем.
3. Развлечете го лиснатото тесто, избоцкајте го со виљушка и печете на 180 степени целзиусови околу 10-15 минути.
4. Пресечете го на половина готовото лиснато тесто и едната половина премачкајте ја со готовата смеса, а другата половина исечете ја на квадрати и наредете ги врз кремот.
5. За декорација, посипете ја кремпитата со шеќер во прав. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за наједноставната крем торта со кафен шеќер.
Извор: citymagazine.danas.rs