Претходно
Готов за момент: Чоколаден мус кој нема да се „фати“ за вашиот струк
Ако сте во потрага по вкусен чоколаден десерт во кој можете секојдневно да уживате без размислување за килограмите, тогаш морате да го испробате чоколадниот мус кој го пронајдовме на блогот Like Chocolate. Освен што е вкусен, овој мус е и здрав, бидејќи неговата главна состојка е авокадото, кое е полно со здрави маснотии и не содржи лоши калории.
Потребни состојки (за 2-3 порции):
- 2 помали авокада (околу 180 грама исчистено авокадо)
- 50-60 грама мед
- 20 грама горко какао
- 1 лажичка кокосово масло
- прстофат сол
- за послужување: свежо овошје, кокосово брашно, семки, бадеми…
Подготовка:
- Пресечете го авокадото на половина, па со помош на лажица исчистете го од кората.
- Ставете го во блендер заедно со останатите состојки и добро изблендирајте го додека не добиете кремаста смеса како пудинг.
- Префрлете високи чаши и послужете со свежо овошје, овошен компот, сечкани бадеми или нешто по ваша желба. Можете да го чувате во фрижидер, но изедете го во рок од најмногу 48 часа.
Совет:
- Изберете засладувач по желба, а најдобро е количината да ја одредите сами, бидејќи различни засладувачи имаат различна сладост.
- Внимавајте авокадото да биде зрело. Нека биде малку меко при допир кога ќе го купувате.
Доколку внимавате на исхраната или пак сте на диета, подгответе ги овие здрави домашни енергетски колачиња.