Претходно
Готов за 2 минути: Најбрзиот рецепт за сочен колач со чоколадо и путер од кикиритки
Единствениот начин да се подготви и да се испече колач за две минути е во микробранова печка, па затоа ви носиме брз рецепт за сочен колач со чоколадо и путер од кикиритки.
Потребни состојки за една личност:
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- ¼ лажички прашок за печиво
- 1 лажица какао
- ½ лажички екстракт од ванила
- рендано чоколадо по вкус
Начин на подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте.
2. Премачкајте ја чашата со парче путер одвнатре и истурете ја во неа подготвената смеса за колачот.
3. Ставете го колачот 60 секунди во микробранова печка.
Добар апетит!
Можеби ќе сакате да го пробате и овој чоколаден пудинг без шеќер и брашно од кој ќе бидете сити половина ден.