Готов за 10 минути: Префинет колач без печење за љубителите на чоколадо

Готов за 10 минути: Префинет колач без печење за љубителите на чоколадо

Ако сакате да јадете нешто слатко, а да не поминете многу време во кујната, овој десерт е одлично решение. Овој колач е толку лесен за подготовка, па може да го направат дури и оние што не се љубители на готвењето.

Готов за 10 минути: Префинет колач без печење за љубителите на чоколадо

Потребни состојки за колачот:

  • ½ л млеко
  • 1 кесичка за инстант пудинг со ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 300 г меки бисквити со желе полнење
  • 300 г бисквити со путер

Состојки за глазурата:

  • 100 грама чоколадо
  • 50 грама путер
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во голема плитка чинија наредете ги бисквитите за да го покриете дното.
  2. Над бисквитите истурете го врелиот веќе подготвен пудинг (според упатството).
  3. Важно е пудингот да е врел за да ја омекне подлогата. Ако сакате колачот да биде покремаст, дуплирајте ја количината на млеко, шеќер и инстант пудинг.
  4. Наредете ги меките желе бисквити со опачината нагоре, прекривајќи ја целата површина со пудингот од ванила.
  5. Чоколадото, шеќерот и водата растопете ги на пареа додека не добиете густ прелив. Тргнете го преливот од оган, ставете го путерот, измешајте и прелијте го целиот колач.
  6. Послужете го колачот кога добро ќе се излади.

Добар апетит!

Совет плус:

Може да ги наредите бисквитите во калап за торта и да го повторите истиот процес за да ги изненадите гостите со вкусна торта.

Можеби сакате да прочитате и како да подготвитe и меки празнични колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар