Годините не се важни: Ќе станете возрасни само кога ќе ги прифатите овие животни вистини!

Годините не се важни: Ќе станете возрасни само кога ќе ги прифатите овие животни вистини!

Ако мислите дека веќе сте пораснале и дека сте влегле во светот на возрасните, имаме мало предупредување за вас – годините не одредуваат кога некој го прави преминот од дете во возрасна личност. Кај некои тоа може да се случи многу рано, уште во детските или тинејџерските години, додека пак кај други се случува дури откако ќе настапи староста. Па доколку сакате да проверите до каде сте со вашето созревање, погледнете ја оваа листа со животни вистини што се сфаќаат само кога навистина сте станале зрели возрасни.

Годините не се важни: Ќе станете возрасни само кога ќе ги прифатите овие животни вистини!

1. Животот е тежок – Врските и пријателствата се прекинуваат, луѓето се злобни и себични, кариерата се руши, проектите пропаѓаат… Тајната на успехот се крие во прифаќање на неуспесите како нормален дел од животот и продолжување напред.

2. Ништо не паѓа од небо – Ако нешто сакате, тогаш мора добро да се потрудите за да го добиете.

3. Проблемите нема да се решат сами од себе – Секоја зрела возрасна личност знае дека ако направи грешка, мора самата да ја поправи. Никој нема да ви ги решава вашите проблеми, без разлика за што станува збор.

4. Сите заслужуваат втора шанса – Но ако и тогаш не се искористи, едноставно нема веќе за што да се разговара. Продолжете понатаму и не се вртете наназад.

5. Односите помеѓу луѓето се тешки и комплицирани – Без разлика дали станува збор за семејни, љубовни или пријателски врски, сите луѓе се различни и сите врски бараат поинаков начин на одржување. Тоа бара работа и труд, што секако на крајот се исплати.

6. Парите не го вртат светот – Да, убаво е да бидете финансиски згрижени, но вистинската среќа се крие во нематеријалните нешта што не можат да се купат со пари.

7. Работите нема секогаш да се одвиваат онака како што вие сакате – Многу често ќе се соочувате со препреки на патот кон вашите цели. Сепак ќе постојат и ретки моменти кога планот ќе ви се оствари токму онака како што се замислиле, така што не очајувајте!

8. Не можете сите да ги усреќите – Луѓето доаѓаат и си одат! Остануваат само оние што навистина вредат и што го заслужуваат вашето целосно внимание.

9. Понекогаш е во ред да се ставите на прво место – Размислувањето за себе не е себичност. Понекогаш токму тоа е тоа што ви е потребно, со цел да останете здрави. Тајната се крие во препознавање на моментите кога е сосема оправдано да се препуштите на овој луксуз, без притоа да повредите некого.

10. Никогаш не е доцна за промена – Не морате да ја чекате новата година за да се одлучите за промена во животот. Важно е само добро да размислите што сакате и каква промена ви е потребна со цел да се почувствувате подобро и посреќно.

Прочитајте и за неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар