Претходно
Го штити вашето срце и ги топи вишокот масти: Рецепт за смуди од домати
Доматот го нормализира метаболизмот бидејќи содржи големо количество витамин Б. Тој содржи голема количина хранливи материи и минерали како што се калиумот, фосфорот, калциумот и цинкот. Во хемискиот состав на доматот се пронајдени три антиоксиданти кои ефикасно се борат и го заштитуваат телото од ултравиолетовите зрачења.
Потребни состојки:
- 4 домати
- 120 милилитри сок од домати
- 1 морков
- 1 целер
- 1/4 лажичка црн бибер
- 6 коцки мраз
- 2 лажички сок од лимон
- Малку сол
Начин на подготовка:
Ставете сè во блендер и измешајте ја смесата, а потоа оставете ја во фрижидер на 20-тина минути. Уживајте во овој освежителен пијалак за време на топлите летни денови!
Дали знаевте и дека овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје?
Автор: Ана Патриклиева