Го регулира метаболизмот и го забавува стареењето: Ова е најздравата ужина во светот!
Пуканките секогаш се наоѓаат на списокот со нездрави закуски. Токму затоа и можеби ќе се изненадите, но тие имаат многу здравствени придобивки. Пуканките се направени од зрно пченка и во себе кријат многу позитивни страни. Нив можете да ги јадете и во слатка и во солена варијанта. Без разлика кој вид ќе го изберете, тие се одлични за грицкање, особено додека гледате телевизија. Ако и вие уживате во оваа закуска, тогаш дефинитивно треба да ги знаете предностите кои таа ви ги нуди.
Пуканките се направени од зрна пченка, а целите зрна ретко може да бидат лоши за вашето здравје. Тие се богати со хранливи влакна, што ги прави подобра ужина од чипсот. Најдобро е да ги приготвувате самите дома, затоа што купените може да бидат подготвувани на нездрав начин. Истражувачите откриле дека пуканките содржат полифеноли (антиоксиданси). Овој антиоксиданс е посилен од витамините Ц и Е. Полифенолот ги чисти токсините од телото и го подобрува имунолошкиот систем. Истражувачите откриле дека една порција пуканки има 300 милиграми полифеноли (13% од просечната дневна потреба на здравото тело). Овој антиоксиданс го намалува стареењето, ја подобрува работата на цревата, го подобрува ритамот на срцето и ја спречува појавата на рак.
Постојат два вида хранливи влакна: Растворливи и нерастворливи. Растворливите се раствораат во вода, а нерастворливите не се раствораат, но се апсорбираат од цревата. Нерастворливите влакна им даваат притисок на цревата и помагаат при тврда столица. Пуканките се ужина која е богата со нерастворливи влакна. Тоа значи дека тие лесно се варат и не ве здебелуваат. Како и овошјето и зеленчукот, така и пуканките се богати со нерастворливи влакна, ја олеснуваат тврдата столица и прават да се чувствувате заситени подолго време. Ако навистина сакате пуканките да ви бидат хранлив оброк, тогаш одлучете самите да ги подготвите, но настојувајте да ги избегнувате оние пуканки кои се подготвуваат во микробранова, затоа што тие се многу богати со калории.
Погледнете и овие 5 причини кои дополнително ќе ве убедат дека треба да јадете пуканки!