Го отстранува вишокот вода од организмот, лечи кожни болести: Ова е најлековитото растение!
Брезата и чајот од ова растение помагаат во лекувањето на многу здравствени проблеми. Нејзините придобивки за организмот се познати уште од античко време, а во народната медицина се смета за едно од најлековитите растенија. Употребата на чајот од бреза е широко распространета низ целиот свет.
Се користат пупките, лисјата, кората, цветот и сокот од бреза. Брезата има лековити својства благодарение на нејзиниот состав. Пупките и лисјата се богати со витамин Ц, но содржат и други витамини и минерали, како калиум, калциум и фосфор.
Ова чудесно растение го зајакнува организмот, го подмладува ткивото, го забрзува заздравувањето на длабоките рани, го зајакнува кардиоваскуларниот систем и го намалува високиот крвен притисок.
Брезата успешно ги лекува бубрежните заболувања, исфрлајќи ги насобраните токсини. Исто така, докажано е дека ги ублажува кожните болести, како што се егзема, псоријаза и разни осипи и воспаленија.
Освен тоа, ја стимулира работата на црниот дроб бидејќи го олеснува лачењето на жолчката.
Чајот од бреза е познат по одличните резултати кога станува збор за слабеењето. Благодарение на своите својства, тој е одличен диуретик, помага да се исфрли вишокот течности од организмот и е одличен во борбата против вишокот килограми и целулитот.
Исто така, ги ублажува менструалните грчеви.
Подготовка на чај од бреза
Ова е единствениот чај што не се вари. Поточно, треба само да ги прелиете лисјата или цветовите со топла вода. Потоа, треба да почекате да отстои околу 10 минути и пијалакот е подготвен.
Прочитајте зошто црниот чај е вистинско богатство.