Главоболка, грчеви, кршливи нокти и коса: Ви недостасува овој витамин!

Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали

Одредени недостатоци на минерали и витамини во организмот можат да предизвикаат најразлични здравствени проблеми. Симптомите со кои се сочуваме секојдневно можеби не се последица на стресот или нашата психичка состојба, туку се само еден начин на кој нашето тело се обидува да ни каже дека треба да почнеме да консумираме повеќе витамини.

Главоболка, грчеви, кршливи нокти и коса: Ви недостасува овој витамин!

Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамини и минерали во вашето тело:

1. Грчеви во мускулите и главоболки – Недостаток на магнезиум

Над 75% од луѓето патат од недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е една од најсилните материи која помага вашиот нервен систем да функционира правилно. Тој ги опушта мускулите и нервите, ја ублажува главоболката и може да ви помогне подобро да спиете. Ако и вие страдате од недостаток на магнезиум, тогаш додадете малку зелје или кељ во вашата исхрана. Сипете и малку горка сол во топлата купка бидејќи таа е богата со магнезиум, а на овој начин тој ќе се апсорбира преку кожата.

2. Акни на лицето – Недостаток на цинк

Акните можат да укажуваат на недостаток на цинк. Цинкот влијае на изгледот на лицето и тенот, но исто така го контролира и производството на маснотии за кожата. Со земањето 30 милиграми цинк дневно, вие можете многу да му помогнете на вашето тело, а вашето лице ќе се ослободи од акните. Исто така може да пробате да јадете и голо семе од тиква.

3. Суви, меки и кршливи нокти и сува коса – Недостаток на витамин Б7

Витаминот Б7 или биотинот е клучен за здравата коса. Иако тој ретко недостасува во организмот, сепак возможно е да имате намалени количини од него, а неговите недостатоци се манифестираат преку губење на косата, сува коса и кршливи нокти. Консумирајте храна богата со витамин Б7 за да ја подобрите оваа состојба.

4. Слаба коса – Недостаток на железо

Железото му помага на кислородот да минува низ целото тело, дури и до дланките. Ако забележите дека вашата кожа станува потенка и имате нагло губење на косата, можеби треба да започнете да консумирате храна побогата со железо за да ги решите ваквите проблеми.

5. Бели истакнати отоци – Есенцијални масни киселини

Ако забележите мали, бели отоци по прстите и зглобовите на дланките, тоа значи дека патите од недостаток на омега 3 масни киселини. Јадете храна која е богата со омега 3, како на пример риба, за да ја вратите рамнотежата во вашиот организам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар