Гинеколозите споделуваат: Најлошите работи што можете да ги направите за време на преглед
Женските репродуктивни органи се навистина неверојатни, а жените треба подобро да се грижат за нивното здравје. Токму поради ова е важно да посетувате гинеколог барем еднаш годишно. Дури и ако ви е срам да ги покажете приватните делови на професионалец, имајте на ум дека не постои нешто што гинеколозите го немаат видено. Сепак, нивната работа не е лесна, па погледнете ги 11-те работи кои гинеколозите навистина ги мразат.
1. Откажување на прегледот поради менструација
Гинеколозите се зафатени луѓе и тие се навикнати да гледаат менструална крв. Повеќе им одговара да дојдете со менструација отколку да ги оставите со празен термин во последен момент.
2. Постојано молење од негова/нејзина страна да се спуштите подолу
Гинеколозите не можат да ве прегледаат оддалеку. Колку и да не сакате, тие мора да ви се доближат за да проверат дали сè е во ред.
3. Доаѓање на преглед со партнерот
Нема ништо сексуално во прегледот од гинеколог. Па, зошто би го носеле и вашиот партнер? Гинекологот може да се чувствува навистина непријатно.
4. Користење Гугл за дијагноза
Без разлика кои се вашите симптоми, ако сте се консултирале со Гугл голема е веројатноста дека станува збор за смртоносна болест. Па, немојте да му кажувате на гинекологот што сте прочитале на Интернет.
5. Криење на проблеми со менструацијата
Додека ПМС-от е честа појава кај многу жени, ако вашите симптоми ви го отежнуваат денот, кажете му на гинекологот. Тој ќе ви помогне полесно да се справите со овие денови од месецот.
6. Криење на желбата за женски доктор
Гинеколозите разбираат дека некои жени сакаат да бидат прегледани од женски доктор. Сè што треба да направите е да кажете.
7. Недоволна лична хигиена
Вагината можеби е орган кој самиот се чисти, но тоа не значи дека треба да ја оставите така. Ако имате влакненца, секогаш нека бидат чисти. И уште поважно, носете чиста долна облека.
8. Прескокнување на проверките за рак на матка
Не е тајна дека ракот на матката се развива бавно, па регуларните тестови можат да спасат живот. Кога жените почнуваат да покажуваат физички симптоми, тогаш е предоцна за лекување.
9. Криење на симптомите од гинекологот
Дури и ако мислите дека необичниот исцедок не е причина за паника, најдобро е да му кажете на гинекологот. Сепак, станува збор за вашето здравје.
10. Ненадејно прекинување на пилулите за контрацепција
Ако методот на контрацепција не ви одговара, важно е да му кажете на гинекологот за да можете да разговарате за вашите опции. Прекинувањето на контрацепцијата без да користите друг метод за заштита води до несакана бременост.
11. Сомневање во довербата
Дури и ако новиот гинеколог е пријател на вашиот пријател, никогаш немојте да се сомневате во неговата доверба. Медицинските лица се обврзани со закон да ги чуваат вашите информации во тајност.
Погледнете и за кои работи вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди.