Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

Станува збор за многу лесна гимнастика која се прави во креветот веднаш откако ќе се разбудите, а препорачливо е да се направи до 6 часот наутро. Оваа вежба е наменета за сите возрасни, а особено за постарите, затоа што дава ефект на подмладување. Обидете се, со сигурност ништо нема да изгубите!

Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

1. Тријте ги рацете. Тријте ги дланките неколку секунди додека не станат топли, а во исто време проверете го своето биополе. Ако тоа е жешко, тогаш сѐ е во ред со вашата енергија. Ако е топло, тогаш енергијата ви е намалена, а ако рацете ви се студени и влажни, тогаш постои сериозно заболување во телото. Но, без оглед на сѐ, правете ја оваа гимнастика затоа што ќе ви помогне да се ослободите од сите проблеми и заболувања.

2. Вежба со дланките. Топлите дланки ставете ги на очните јаболкници. Притиснете нежно 1 секунда, а потоа повторете го истото 30 пати. Кога ќе завршите, задржете ги дланките на јаболкниците и држете уште 30 секунди. Ако имате лош вид, тогаш задржете ги дланките до 2 минути. Во тој момент храната оди во очните јаболкници од сите рецептори наоколу. Така, ако бидете редовни и издржливи, видот полека може да почне да ви се поправа. Освен видот, може да ви се врати и природната боја на вашата коса.

3. Притискање на ушите. Ставете ги дланките на ушите и притискајте ги 30 пати во рок од 30 секунди. Ако на почетокот почувствувате болка, тогаш тоа е знак за хронична болест и може да се појават одредени симптоми, особено ако се поврзани со ушите. Но, не прекинувајте, туку продолжете со понежно притискање, додека не помине болката. Доколку станува збор за хронично воспаление на ушите, тоа ќе помине со текот на времето, а на овој начин може да го подобрите и вашиот слух. Ако сте упорни во период од 6 месеци, хроничната болка ќе помине. За лекување на сериозни проблеми потребно е подолго време, од година и пол до две.

4. Затегање на лицето. Ставете го палецот зад ушите, рацете стиснете ги во тупаница и почнете да го затегнувате лицето од брадата до ушите, и масирајте силно притискајќи ја кожата на лицето. Повторувајте го тоа 30 пати. После оваа вежба ќе почувствувате прилив на крв во лицето и може ќе забележите пот. Со ова се подобрува лимфниот проток и се затегнува кожата.

5. Масажа на челото. Ставете ја десната дланка на челото, а левата врз десната. Тријте со движења од лево на десно и така 30 пати. Со ова се активира хипофизата и се подобрува работата на синусите.

Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

6. Масажа на главата. „Летајте“ со рацете над главата. Направете прстен и движете ги над главата, напред-назад, 30 пати, а потоа лево-десно од едното уво кон другото, исто така 30 пати. За оваа вежба треба малку да ја подигнете главата. Таа има моќ да го нормализира притисокот, како високиот, така и нискиот, а исто така го подобрува движењето на зглобовите на рамената, а ги зајакнува и мускулите на рацете. Со текот на времето исчезнуваат болките во рацете, а ако порано не сте можеле да ги држите, наскоро ќе можете да го правите тоа со леснотија.

7. Масажа на тироидната жлезда. Ставете ја десната рака на тироидната жлезда, а левата на десната. Со левата рака правете полусфера од грлото до крајот на стомакот, како да масирате енергетски центри и тоа повторувајте го 30 пати. На крај, ставете ја левата рака на десната и задржете се неколку секунди.

8. Масажа на стомакот. Спуштете ги рацете на стомакот. Ставете ја десната долу, а левата горе и така масирајте го стомакот 30 пати во правец на стрелките на часовникот. Со оваа вежба се нормализира работата на абдоминалните органи.

9. Вежба со нозете и рацете. Дигнете ги рацете и нозете нагоре и правете кружни движења 30 пати, а потоа растресете се. Тоа ја подобрува циркулацијата на крвта.

10. Триење на стапалата. Тријте ги стапалата едно со друго и со рацете секое стапало, па внимавајте дали ќе забележите некои болни точки. Ако има такви, тогаш масирајте ги повеќе, а особено внимание обрнете на средината на стапалото.

Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар