Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

На популарноста на јунаците од хит серијата „The Big Bang Theory“ ù нема крај. На интернет кружат нови модни комбинации инспирирани од нивните улоги. Наменети се исклучиво за девојките. Еве по збор-два за овие ултраинтересни ликови и за нивниот изглед во серијата…

Арогантниот и параноичен гениј д-р Шелдон Купер (Џим Парсонс) ужива да ја истакнува својата интелектуална супериорност. Речиси во секоја епизода го потенцира фактот дека на факултет се запишал на шест годишна возраст, а доктор на науки станал на свои 16 години. Покрај науката, негова страст се и стриповите, видеоигрите, а огромен обожавател е и на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки“. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Шелдон воопшто не се грижи за модните трендови, но постојан е во љубовта кон маичките со суперхерои и кон карираните дезени. Неговите комбинации изгледаат смешно, но ако внимателно ја селектирате облеката, парче по парче, со малку креативност можете да добиете навистина кул изглед.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Леонард (Џони Галецки) е трпелив цимер и колега на Шелдон. Исто така е физичар и со слични хобија и интереси, но кога станува збор за љубовта, тие имаат дијаметрално спротивставени ставови. Шелдон е детинестиот цимер, а Леонард е во потрага по вистинска љубов и стабилна врска.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“За разлика од неговиот другар Шелдон, Леонард е умерен во облекувањето. Неговите парчиња облека се едноставни, но со добро искомбинирани бои. Препознатлив е по очилата со дебели рамки.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Пени (Кејлу Куоку) е типичен пример за девојка од соседството. Таа живее во станот спроти Шелдон и Леонард. Пени се надева дека еден ден ќе стане успешна актерка и сценограф, а додека ги гаи тие соништа работи како келнерка во ресторанот Чизкејк фактори. Таа одлично ги прифатила ексцентричните момци, кои повремено ја збунуваат. Но, кога станува збор за реалниот свет, тогаш на сцена стапува Пени. Тие знаат да затропаат на нејзината врата за совет, особено Шелдон со неговото специфично тропање.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот стил на облекување е едноставен и вообичаен за модерните и кул девојки. Таа е секси во град, но и обична, слатка и опуштена сосетка, која кај Шелдон и Леонард практикува да намине во своите удобни пижами.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард Воловиц (Сајмон Хелберг) е вселенски инженер и единствен во групата гении кој нема докторат. Тој живее со неговата луда мајка и себеси се класифицира во опасен женкар. На крајот љубовта ја наоѓа во колешката на Пени, Бернадет.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард има најоткачен стајлинг. Тој носи тесни, припиени панталони, ролки и карирани кошули. Ако нешто отфрлите од тоа, а нешто додадете, добивате конечен секојдневен изглед, погоден за на факултет или за на работа.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Раж (Кунал Најар) е астрофизичар и најдобриот пријател на Хауард. Доаѓа од богато семејство од Индија. Раж ја обожава американската храна и нивната поп-култура и е во постојан страв дека ќе го депортираат назад во Индија. Тој е екстремно срамежлив и има сериозен проблем во комуникацијата со девојките. Не може да изусти ниту збор пред нив, ако не е под дејство на алкохол. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Гардеробата на Раж главно се состои од елечиња во многу бои и дезени. Делуваат збунувачки. Такви парчиња облека, па и не можете баш да најдете во бутиците, но еве еден обид за „кежуал“ стајлинг кој потсетува на Раж.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Бернадет (Мелиса Раух). Таа има докторат по микробиологија и како што веќе напоменавме, работи заедно со Пени во ресторанот. Заљубена е во Хауард, го смета за нејзина сродна душа, иако многу често не ја разбира неговата чудна смисла за хумор. Бернадет е слатка и весела, но во нејзините „жолти минути“ прозвучува како мајка му на Хауард.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот изглед е по малку наивен, на парчињата облека што ги носи преовладуваат цветните дезени. Но, ако имате време и си поиграте со комбинациите, може да добиете класичен и секси изглед од 60-те години.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Па девојки, би облекле некоја од овие комбинации? Размислете за Ражовиот „аутфит“. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар