Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

Генијално и практично: Претворете ги овие 11 секојдневни негативни фрази во нешто позитивно

Едноставно кажано, слушањето и користењето позитивен говор може да направи да се чувствувате многу подобро од претходно – физички, ментално и емоционално. Од друга страна пак, негативниот говор може да ги блокира природните механизми на релаксација во мозокот, а со тоа да ви започне низа други проблеми. Токму затоа погледнете ги следниве 11 преформулации на секојдневниот јазик кои инстантно ќе ви овозможат позитивно поттикнување.

genijalno-i-praktichno-pretvorete-gi-ovie-11-sekojdnevni-negativni-frazi-vo-neshto-pozitivno-www.kafepauza.mk

Секојдневен позитивен јазик

1. Зошто не? → Звучи добро.

2. Нема проблем. → Дефинитивно!

3. Не можам да се пожалам. → Сè е добро, благодарам.

Овие изрази треба да бидат позитивни, но човечкиот мозок најчесто е негативно пристрасен и несвесно ги изнесува сите причини зошто да не се направи нешто, како и проблемите или жалењето додека се изговараат овие зборови.

4. Јас сум исцрпен/а. → Морам да се одморам.

Со преформулирање на изразите, вие ќе ги тргнете негативните значења кои веќе се „залепени“ на одредени зборови и ќе овозможите подобри емоции за себе, како и за вашиот слушател.

Позитивен говор на работа

5. Заборавив. → Ќе се погрижам да имам потсетник следниот пат.

Нагласувањето на она кое може да се направи за да се подобрат нештата може да им помогне на луѓето околу вас да очекуваат позитивни резултати.

6. За жал, проектот не може да биде завршен навреме поради проблемите кои ги предизвикаа некои луѓе кои доцнеа со својата работа. → Може ли секој да се насочи кон својот дел од проектот до петок, со цел да можеме да ја завршиме работата навреме и да го исполниме рокот?

Благодарение на мејловите, вие имате совршена шанса да поработите на вашиот позитивен говор бидејќи можете да ги уредите своите зборови пред да ги испратите на колегите или клиентите. Внимавајте на зборовите како „за жал“, „невозможно“ и „проблеми“ со цел да не влијаете дополнително негативно врз целата ситуација.

7. Конструктивна критика. → Повратни информации.

Зборовите кои ги користите со цел да соберете повратни информации можат да имаат значајно влијание на тоа како таа информација ќе биде примена. Со додавање дополнителни позитивни вибрации и здрава доза пофалби за постигнувањата, вие ќе им помогнете на вашите колеги полесно да ги прифатат сите коментари насочени кон нив, позитивни или негативни.

Позитивен говор во домот

8. Немојте да си играте со топка внатре. → Ве молам играјте си надвор со топката.

Или…

9. Немојте… → Повеќе ми се допаѓа кога…

Ова подеднакво важи и за децата и за возрасните. Префрлете го фокусот кон тоа што сакате да биде направено, а не кон тоа што не сакате. На тој начин ќе ги зголемите своите шанси за позитивен исход.

10. Многу ми недостасуваше! → Многу ми е мило што те гледам!

Иако отсутноста може да создаде потреба за таа личност, сепак повторната средба треба да биде време за радување во сегашноста, без поврзување со негативни емоции од минатото.

11. Не! → Знам дека сакаш сладолед, но тој не е здрав во големи количини.

Вие секогаш треба да дадете објаснување зошто сте кажале „не“, бидејќи тоа им помага на децата да се чувствуваат ценети и вклучени во одлуката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар