Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!
10. Ви се скрши омилениот кармин
Не очајувајте! Земете заплака и загрејте ги рабовите на карминот, па повторно спојте ги. Почекајте да се олади и ќе биде како нов!
11. Направите сјај за усни од стара сенка за очи
Најпрво здробете ја, а потоа измешајте ја заедно со вазелин во посебен сад.
12. Направете лак за нокти
Во посакуваната боја од која било сенка за очи. Сипете здробена сенка за очи во безбоен лак, измешајте и налакирајте ги ноктите!
13. Лаковите за нокти, кармините и парфемите чувајте ги во фрижидерот
Ова правете го доколку сакате тие да ви траат подолго. Топлината ги уништува нивните својства менувајќи им ја бојата, миризбата и текстурата.
14. Зголемете ја количината на парфемот за тестирање
Тоа ќе го сторите така што ќе сипете неколку капки од парфемот во немиризлив лосион за тело или крема и ќе добиете миризлив производ за нега на кожата.