Генијален трик за справување со дамките од пот
Обичната бела блуза е најдобриот пријател во летното попладне – секако, ако не ги земеме во обѕир потенцијалните дамки од пот. Решението е премногу лесно и евтино, па затоа може да си го дозволи секој. Кога ќе го дознаете, нема да се воздржите а да не го испробате.
Што ви е потребно?
- Неколку лимони
- Вода
- Шише со распрскувач
Подготовка:
1. Исцедете ги лимоните и наполнете го шишето со лимонов сок до половина.
2. Дополнете ја останатата половина со вода, така што ќе добиете еднакви делови на лимонов сок и вода.
3. Ставете ја течноста во шишето со распрскувач и протресете убаво.
4. Потоа напрскајте од течноста врз дамката од пот, сè додека тој дел од ткаенината не се натопи убаво. Нежно истријте ја дамката со лимоновиот сок и по кратко време ќе забележите дека таа исчезнува.
Бонус совет: Послужете се со кујнска сол која ќе ви помогне полесно да триете.
Сега што?
Оставете сокот од лимон да се впие околу еден час, а потоа ставете ја блузата во машина за перење.