„Frosé“: Пијалак број 1 за ова лето!
Овој едноставен и прекрасен пијалак станува број еден, а ние сѐ уште не сме сигурни дали ни е поубав неговиот вкус или изглед. Frosé (комбинација од англиските зборови „frozen“ што значи замрзнато и „rose“ – розе вино) е новиот тренди пијалак за кој ве предупредуваме дека ќе биде ваша љубов на прв поглед.
Овај пијалак веднаш нè привлече со неговиот розов изглед, а неговата содржина е совршена за жешките и спарни летни денови. За самите да го подготвите овој пијалак нема да ви биде потребно многу време, ниту труд бидејќи неговиот рецепт е доста едноставен. Единствен недостаток кој можеме да го пронајдеме е тоа што треба да почекате неколку часа за да се смрзне. Но, ако го подготвите навреме, тогаш навистина не би требало да има никакви проблеми кои би можеле да ве спречат во вистинското уживање.
Потребни состојки:
- 750 милилитри розе вино
- 250 грама јагоди (свежи или замрзнати)
- 150 грама шеќер
- 120 милилитри вода
- 80 милилитри сок од лимон
Начин на подготовка:
Ставете го виното во сад кој можете да го замрзнете во рок од 6 часа. Напомена: немојте да користите стаклен сад кој може да пукне! Откако ќе го замрзнете, време е да ги блендирате јагодите.
Во сад измешајте ја водата со шеќерот и ставете ги на оган. Потоа, додајте ги јагодите во врелата мешавина и оставете ги да се изладат околу 30 минути.
После тоа, со помош на цедалка исцедете го добиениот сок и оставете го во фрижидер барем 30 минути.
Измешајте го сокот од лимон со изладениот сируп од јагоди кој претходно го подготвивте и додајте го замрзнатото вино. Блендирајте ги сите состојки.
Доколку барате совршено освежување, а притоа сакате да испробувате нови вкусови, тогаш погледнете како сами да го направите омилениот италијански класик – Аперол Сприц.