Фрико чипс од кашкавал: Одлична закуска од само една состојка

Фрико чипс од кашкавал: Одлична закуска од само една состојка

Коктелите можеби се првото нешто што треба да го има на секоја забава, но не помалку важна е и закуската. Даските со сирење се здодевни, а никој не сака да поминува часови и часови покрај рерната за да подготви нешто специјално.

Затоа овој лесен чипс од само една состојка ќе ја задоволи потребата од нешто забавно и солено, а сепак лесно и брзо се подготвува. Исто така е и одличен избор за грицки кога сакате да ја поминете ноќта во пижами пред вашиот телевизор.

1-neodolivi-friko-cedar-stapcinja-od-samo-edna-sostojka-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 240 г зрел чедар кашкавал, рендан (или друг вид тврд кашкавал)
  • 1 лажичка мелен ким, анасон или чили (или друг зачин, по желба)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.

Во голем плех поставете хартија за печење. Настрана измешајте ги кашкавалот и зачините. Ставете 2 лажици од смесата врз хартијата за печење и распоредете ја убаво со виљушка така што ќе направите кружна форма од околу 10-12 сантиметри. Повторете го ова со остатокот од смесата, притоа оставајќи по 5 см помеѓу секој круг. Преостанатата смеса чувајте ја за втората тура.

Ставете го плехот во рерна и печете 6-8 минути или додека чипсот не почне да добива потемна боја. Не дозволувајте да стане сосема кафен бидејќи ќе горчи. Со шпатула внимателно извадете го чипсот од плехот и веднаш префрлете го врз дебело сукало, шише или друг предмет со цилиндрична форма. Ова на грицките ќе им даде заоблена форма.

Ако сакате рамен Фрико чипс само префрлете го врз кујнска хартија.

Откако ќе се излади, чипсот може да стои во херметички сад до 2 дена.

2-neodolivi-friko-cedar-stapcinja-od-samo-edna-sostojka-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар