Французинките советуваат: Ова е нашата тајна за заведување!
Ако мислевте дека девојките од Франција се едноставно родени со неверојатна доза сексапилност, тогаш дефинитивно сте се лажеле. Она што ги разликува од останатите во светот е што му пристапуваат на заведувањето малку поинаку. Тие веруваат дека криењето одредени нешта овозможува дополнителна возбуденост во интеракцијата со мажите и токму тоа е она кое треба да го совладате со цел да ја имате нивната моќ за заведување.
Помалку е повеќе
Французинките внимаваат што изложуваат пред погледот на мажот кој им се допаѓа и токму тоа ја зголемува неговата возбуда. На пример, ако тој постојно може да ги види интимните делови од вашето тело, со тек на време ќе престане да фантазира за тоа како ја соблекува вашата облека со цел да погледне под неа.
Поголемиот дел од Французинките се трудат да ја задржат оваа мистериозност, дури и кога се во долготрајна врска. Токму затоа и по туширањето се прекриваат со пешкир, а градниците по перење ги оставаат да се сушат некаде каде што тој не би можел лесно да ги забележи. Тие сакаат долната облека да го асоцира на нивното згодно тело, а не на куп алишта за сушење.
Не ги заборавајте разиграните детали
Оваа мистериозност можете да ја одржите и со воздржување во разговорот. И покрај тоа што е добро одвреме-навреме да му пратите секси порака, во очите на мажите многу често срамежливоста се доживува како повозбудлива. Французинките во разговорите се разиграни, па токму затоа и праќаат пораки кои ја поттикнуваат фантазијата, но кои не се директно сексуални. Тоа води кон исчекување кое потоа резултира со интензивно копнеење за вас.
Од друга страна пак, тие вложуваат многу во секси долна облека која постојано ја носат. Доколку секогаш носите секси гаќички, големи се шансите дека и вие ќе се чувствувате попривлечно и многу полесно ќе можете да заведувате.
Опојни миризби и директни погледи
Како додаток на секси долната облека, тие секојдневно го користат и својот омилен парфем бидејќи веруваат дека миризбата говори многу за нивниот карактер. Најдете го оној парфем кој ќе стане ваш заштитен знак со цел мажите да можат да ве поврзуваат со таа сензуална миризба.
Вие исто така треба да го усовршите и вашиот сензуален поглед. Набљудувајте го неколку секунди, на половина насмејте се и потоа насочете го вашиот поглед кон нешто друго. Овој поглед е моќен на почетокот на врската, но и во долготрајните врски, бидејќи со негова помош се изразува копнеење, предизвикување и желба да бидете насамо со него. Токму затоа и кај него веднаш ќе повика желба да ве одведе во кревет, во истиот момент.