Француска пунџа за елегантни дами: Се прави за 5 минути, одговара на секоја должина и форма на коса

Француска пунџа за елегантни дами: Се прави за 5 минути, одговара на секоја должина и форма на коса

Колку и да сакате свежо измиена и исфенирана коса, понекогаш е едноставно полесно, но и поелегантно кога косата е собрана во пунџа.

Оваа софистицирана форма на француска пунџа била популарна во античка Грција, во викторијанската ера и повторно за време на Втората светска војна. Денес е една од најчестите фризури на црвениот тепих, но можете да ја направите и дома.

Оваа пунџа може да биде лежерна или гламурозна, а сето тоа зависи од изгледот што сакате да го постигнете.

Првата варијанта е одлична за секој ден, додека втората е посоодветна за вечерни пригоди и празнични настани. Исто така, таа е одлична алтернатива кога сакате да го одложите миењето на косата.

Погледнете како да направите елегантна пунџа чекор по чекор за помалку од пет минути:

Погледнете кои 4 фризури ќе ја одбележат 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар