Претходно
Француска пита: Најлесен рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устата
Француската пита нема никаква врска со Франција, туку тоа е американски изум од 1950-тите кој настанал за време на еден натпревар.
Во оригиналниот рецепт, филот на питата се состои од пудинг од чоколадо, но постепено бил заменет со раскошен мус крем. Бидејќи ова е десерт што мора да се стави во фрижидер пред да се сервира, основата на питата се состои од бисквити со путер кои не ја губат структурата по ладењето.
Потребни состојки:
За основата:
- 200 гр бисквити
- 85 гр путер
За филот:
- 200 гр шеќер
- 170 гр омекнат путер
- 85 гр црно чоколадо
- 3 домашни пастеризирани јајца
- 2 лажици ликер од портокал
За украсување:
- шлаг
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени.
- Мелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Мешајте додека не добиете влажна смеса.
- Со прстите притиснете ја смесата во плех за печење.
- Ставете ја во рерна 10-12 минути или додека не се компресира основата.
- Извадете ја од рерната и оставете да се излади целосно.
- Додека основата се лади, направете го филот. Растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
- Во блендер изматете ги омекнатиот путер и шеќерот.
- Додајте ги растопеното чоколадо и ликерот.
- Постепено додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете мазна смеса. Нанесете ја на оладената основа од бисквити и оставете во фрижидер за 3 до 4 часови.
- Украсете со шлаг и уживајте во вкусот.
Пробајте го и овој рецепт за мафини со вкус на ванила и карамела.