Фраерски патики инспирирани од социјалните мрежи
Дизајнерката Лумен Бигот дизајнирала необични патики инспирирани од социјалните мрежи, сервиси и познати сајтови. Таа ги направила овие модерни модели за модната куќа „Keds“.Секој пар од патиките има нешто карактеристично за социјалната мрежа или веб-сајтот, па така на патиките инспирирани од Фејсбук можете да забележите дека постои покана за пријателство, додека на оние инспирирани од Твитер се наоѓа китот заедно со птичките.
„Јас сум голем фан на блогови кои пишуваат инспиративни текстови, а голем дел од денот поминувам и на социјалните мрежи. Исто така ја обожавам и модата, па кога ги споив овие три работи настана оваа колекција. Идејата ми беше да ги најдам најважните графички елементи на моите омилени социјални мрежи и да ги искомбинирам со моите омилени обувки.“ – изјави Бигот
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.