Фото диета: Како да изгубите 10 кг за 15 минути?
Моделите во магазините изгледаат тенко и привлечно, не само заради употребата на Фотошоп. Доброто позирање исто така е клучна работа која значително може да ви ги намали килограмите на фотографиите. Австралиската фитнес инструкторка Мел Ви ни открива што треба да направите за вашето тело да изгледа потенко и попривлечно.
Фотографијата од левата страна е направена 15 минути пред онаа на десната. Која е нејзината тајна?
- Нанела спреј за самопотемнување кој визуелно ја истанчил.
- Ги исправила рамењата и ги зафрлила наназад.
- Го вовлекла стомакот.
- Застанала во широк расчекор вртејќи го едниот колк странично кон камерата.
- Ја пуштила косата.
- Се насмеала.
- Одзумирала за телото да се гледа од далеку на фотографијата.
- Употребила фото филтер кој додал топлина и острина на фотографијата.
- Ги сменила гаќичките со црн модел во поголем број.
Советите и фотографијата започнаа вистинска мала револуција на социјалните мрежи, а трендот на фотографирање во костим за капење кој симнува 10 кг од телото се рашири со брзина на пожар.
Па, дами, дали ќе ја пробате оваа диета?