Фоилјаж – Нов хит пролетен тренд за коса која изгледа како природно осветлена од сонце

Фоилјаж – Нов хит пролетен тренд за коса која изгледа како природно осветлена од сонце

Пролетта пристигна, па сега на многу девојки на врвот на листата со приоритети, кога станува збор за убавината, им е освежувањето на фризурата со нови начини на потстрижување, но и на бојадисување на косата. Одлична вест е што развиена е нова техника за која се вели дека ќе ви направи прамени како да сте бакнати од сонцето.

Фоилјаж – Нов хит пролетен тренд за коса која изгледа како природно осветлена од сонце

Фоилјаж е нова техника која дава природен изглед како косата да била изложена на сонце. Ваква моментално изгледа Миранда Кер.

Техниката е развиена од колористката Хитоми Икеда од салонот „Louis Licari“ во Њујорк, која всушност ги споила техниката балијаж и вибрантното извлекување прамени во фолија. Традиционалниот балијаж вклучува боење директно на површината на косата, комплетно со слободна рака, но самиот процес може да биде неуреден.

„Не сакам да правам балијаж на целата коса, бидејќи тоа секогаш резултира со издвојување на делот околу коренот, па мора да додавате дополнителна топлина за да ја ‘подигнете’ бојата“, вели Икеда. „За да направите омбре со фолии, мора да ја расплеткувате косата во секој дел, и тоа создава многу работа за сите кои се вклучени во тоа. Се обидов да смислам начин за да го постигнам тој изглед со употреба на техниката на боење, но замотувајќи ги краевите во фолии за да ги осветлам.“

2-foiljazh-nov-hit-proleten-trend-za-kosa-koja-izgleda-kako-prirodno-osvetlena-od-sonce-kafepauza.mk

Ова овозможува да се задржи природната боја во врвот, по што се додаваат суптилни прамени одоздола и потоа се нанесува друга боја на врвовите со посебна четка, кои потоа се завртуваат во вертикални ленти фолија. Четката е всушност комбинација од четка и сунѓер и овозможува еднакво нанесување на бојата, скоро како да нанесувате путер – објаснува таа. Резултатот е коса како бакната од сонцето, како штотуку да сте биле на плажа, но сепак не целосно руси. Не изгледа како намерно да сте ја правеле косата така.

Одржување на фоилјажот

Косата третирана со фоилјаж е лесна за одржување бидејќи бојата во коренот не се менува. Така можете да издржите 3-4 месеци, па дури и подолго додека да појдете на фризер за освежување. Фоилјажот изгледа добро на секоја должина на коса, на секаква боја и текстура, но е особено важен новитет за бринетите. Кога потемните коси добиваат посветли прамени, тие обично изгледаат бакарно и бараат брзо интервенирање во нијансата, но со оваа техника, фолиите овозможуваат драматична промена без жолти нијанси или расцветани врвови кои пак настануваат како резултат од предолго седење под фен чекајќи да се дојде до посакуваната нијанса.

4-foiljazh-nov-hit-proleten-trend-za-kosa-koja-izgleda-kako-prirodno-osvetlena-od-sonce-kafepauza.mk 3-foiljazh-nov-hit-proleten-trend-za-kosa-koja-izgleda-kako-prirodno-osvetlena-od-sonce-kafepauza.mk

Па, како да му објасните на вашиот фризер што сакате?

Едноставно речете му да ви ги замота врвовите од вашиот балијаж во фолии, со суптилни прамени околу патецот и во горните слоеви од косата кои ќе ги поврзат омбрето со врвовите. Секој има свој метод за употреба на фолии за извлекување прамени и балијаж, па затоа најважно е кои добро да се одредат позициите и фокусот да биде на осветлување на врвовите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар