Флертувачки коктели за св. Валентин
Денеска, според католичкиот календар, е Св. Валентин, а според православниот Св. Трифун, па така што и да славите со сигурност убаво ќе си поминете. Сепак, доколку сакате да ги искомбинирате овие два празника, еве неколку одлични коктели кои ќе ви помогнат да го направите тоа.
.
Забранета љубов (Amore Vietato)
- 60 ml џин
- 30 ml леден сок од црвен портокал
- 10 ml шербет
- 2 јагоди
- 2 резанки краставица
Начин на подготовка: Едната јагода и едната резанка од краставица исечкајте ги на парчиња. Во шејкер ставете ги џинот, сокот од црвен портокал и шербетот. Додадете ги парчињата овошје и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини. Украсете со јагодата и краставичката која ви остана, а од кората од портокалот можете да направите форми на срциња.
.
Љубовта е… Маргарита (Love is…Margarita)
- 75 ml чоколадно млеко (ладно)
- 25 ml текила
- 25 g пире од јагоди
- 1 јагода прелиена со чоколадо
Начин на подготовка: Во дебела чаша сипете ги чоколадното млеко, текилата и пирето од јагоди. Енергично промешајте за да се добие хомогена смеса и украсете со јагодата прелиена со чоколадо.
.
Цреша (Kerasi)
- 60 ml вотка од праска
- 30 g пире од цреши
- 15 ml ликер од праска
- 15 ml бренди од цреша
- 15 ml сок од лимон
- 10 ml пенливо вино
Начин на подготовка: Сите состојки измешајте ги, освен пенливото вино и сипете ги во висока тенка чаша. Одозгора сипете го виното и украсете со една цреша.
.
Присети се на минатото лето (Remember Last Summer)
- 45 ml вотка од ванила
- 45 ml ликер од јагода
- 30 ml сок од ананас
- 15 g крем од кокос
- рендан кокос
- мраз
Начин на подготовка: Сите состојки, освен ренданиот кокос, ставете ги во шејкер и силно протресете. Сипете го коктелот во голема чаша и украсете со ренданиот кокос.
.
Пунч од јагоди (Strawberry Punch)
- 3 свежи јагоди
- 3 парчиња конзервиран ананас
- 15 ml сок од ананас (од конзервата)
- 10 ml шербет
- 60 ml бел рум
- мраз
Начин на подготовка: Истолчете го овошјето и ставете го во шејкер. Додадете го мразот и останатите состојки и силно протресете. Коктелот сипете го во голема чаша и украсете со овошје.
.
Розова маргарита (Pink Margarita)
- 45 ml текила
- 10 ml кампари
- 15 ml свеж лимонов сок
- 15 ml мед
- мраз
Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шејкер и енергично протресете. Коктелот сипете го во голема чаша, а украсете со резанка лимон и лист од нане.
.
Цвет од боровинка (Cranberry Flower)
- 60 ml џин
- 25 ml лимонов сок
- 25 ml лимонов шербет*
- 2 Супени лажици шербет од боровинки**
- 6 боровинки
Начин на подготовка: Столчете ги боровинките и ставете ги во шејкер. Додадете го шербетот од боровинки и од лимон, лимоновиот сок и џинот и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини и украсете со три боровинки.
* При правење на стандарден шербет додавате свеж лимонов сок.
** При правење на стандарден шербет додавате свеж сок од боровинка.
.
Бакнеж од јагода (Strawberry Kiss)
- 45 ml вотка од ванила
- 15 ml ликер од јагода
- 10 ml сок од ананас
- 10 ml шампањ
- 1 јагода
Начин на подготовка: Сите состојки, освен шампањот, сипете ги во тенка чаша за вино. Одозгора сипете го шампањот и украсете со јагодата.