Фитнес инструкторка советува: За само 10 дена симнете ги непосакуваните масни наслаги од стомакот
Водите постојана битка со симнување на салото од стомакот? Сакате рамен и цврст стомак што ќе ви биде омилен дел од вашето тело? Јасно ви е дека тоа нема да се постигне преку ноќ ниту пак со седење. Најпрво треба да знаете дека со стомачни нема да ги симнете масните наслаги од струкот! Потребна е акција од вашата страна и константност која ќе ве доведе до посакуваните резултати.
Личниот тренер Рејчел Атар од Сиднеј тврди дека постои начин за само 10 дена да ги симнете масните наслаги од стомакот! Како што вели таа, тајната е во 4-те чекори што ќе ви помогнат да го изгубите вишокот околу стомакот и струкот. На нејзиниот блог таа напишала дека стомачните се одлична вежба, но ако сакате да го симнете салото на стомакот тие нема да ви помогнат. Обрнете внимание на следниве 4 нешта и со лесно во процесот на симнување на непосакуваните масни наслаги.
1. Вашиот тип на тело
Најважно е да се знае за каков тип на тело станува збор. Постојат три типови тело: Ендоморфен, ектоморфен и мезоморфен.
Ендоморфниот тип тела какви што имаат Ким Кардашијан, Скарлет Јохансон и Џенифер Лопез имаат повисок процент маснотии во телото. Тие повеќе се дебелеат најчесто околу стомакот, бедрата и задникот. Симнувањето на маснотии ним им оди многу тешко, а од помош е диета со мало количество јаглехидрати и кардио вежби.
Ектоморфниот тип се послаби тела, а Рејчел предупредува дека и тие може да имаат сало на стомакот и околу струкот. Типични ектоморфи се Карли Клос и Кира Најтли. Со оглед на тоа дека им е тешко да формираат мускули, таа препорачува исхрана со високо количество јаглехидрати и умерени кардио вежби. Повеќе би требало да се фокусираат на подигање тегови.
Мезоморфите се златна средина бидејќи полесно се дебелеат од ектоморфите, но и полесно слабеат од ендоморфите. Меѓу познатите мезоморфи се Џиџи Хадид, Џенифер Лоренс, Адријана Лима и Ирина Шејк. Ним најмногу им одговара урамнотежена исхрана со умерен кардио тренинг.
View this post on Instagram
2. Правилна исхрана
Откако ќе го утврдите вашиот тип на тело треба да обрнете внимание што јадете.
Исфрлете ја брзата и преработена храна, лошите јаглехидрати, шеќерите и алкохолот на 10 дена, без отстапки! Снабдете се со здрава храна и обидете се 10 дена да го следите вашиот калориски дневен внес. Бидете строги кон себе бидејќи така најдобро ќе видите резултати после толку денови. Не е дозволено мамење ниту еден ден бидејќи тој ќе заврши со повеќе такви денови.
View this post on Instagram
3. Намалете го стресот
Иако е полесно ова да се каже отколку да се направи, мора да знаете дека стресот влијае врз складирањето на мастите околу стомакот. Кога сме под стрес, нашето тело го лачи хормонот кортизол кој допринесува за складирање масни наслаги. Избегнувајте сè што ве вознемирува, ментално, емотивно и физички. Не претерувајте со вежбање, не јадете лоша храна, спијте по 8 часа секоја ноќ, избегнувајте да бидете со лош партнер, патувања, хемикалии. Лошата вест е дека никогаш нема да се ослободите од салото ако не обрнете внимание на стресните ситуации и ако не го регулирате стресот.
View this post on Instagram
4. Вежбајте правилно
Комбинација од кардио, тренинг во интервали со висок интензитет, тренинг со отпор и вежби наменети за стомачни мускули ќе ве доведат до посакуваната форма на стомакот. Не мора да претерувате со вежбање. Само треба да ги правите вистинските вежби. Во својата рутина вметнете вежби со висок интензитет како што е трчањето или краток, но интензивен тренинг за целото тело.
View this post on Instagram
Прочитајте ја и оваа изјава на позната фитнес инструкторка: од диетите никогаш нема позитивни резултати.