Филозофијата на Руми: 7 моќни совети од најзначајниот исламски поет

Филозофијата на Руми: 7 моќни совети од најзначајниот исламски поет

Џалалудин Мухамед Руми, познат и како Мевљана, бил поет, правник, исламски ученик и теолог. Се смета за еден од најзначајните и најмистичните исламски поети кои пишувал и творел на персиски јазик. Името Руми го добил бидејќи целиот свој живот го поминал во Рум, односно во Иконискиот султанат, уште познат како Селџучки и Румски султанат или денешна средна Анадолија, додека својот прекар Мевљана во буквален превод од персиски јазик значи „наш водич или учител“.

Филозофијата на Руми: 7 моќни совети од најзначајниот исламски поет

Неговата најпозната поема „Масневија“ се состои од 6 книги и разгледува разни теми напишани во сликовити стихови, често во облик на парабола или анегдота. Меѓу муслиманските мистици „Масневија“ е позната како „Куранот на персиски јазик“. Руми го инспирирал создавањето на независното братство на суфиите-мевлевии кои во Европа станале познати како „Вртечки дервиши“, поради нивната важна улога во ритуалните танци и задолжителниот неделен обред наречен сама.

Во продолжение следуваат 7 совети од мудриот Руми кои ја кријат вистината на животот:

1. Во дарежливоста и помагањето, бидете како водата која тече.

2. Во милосрдноста и добрината, бидете како сонцето.

3. Во покривањето на туѓите недостатоци, бидете како ноќта.

4. Во јадот и нервозата, бидете како мртовците.

5. Во скромноста и понизноста, бидете како земјата.

6. Во добронамерноста, бидете како морето.

7. Или претставувајте се онакви какви што сте или бидете онакви какви што се претставувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар