Феноменални трикови: Како да ја искористите старата козметика?

Феноменални трикови: Како да ја искористите старата козметика?

Дали ви се има случено да купите нов крем и по една недела да сфатите дека воопшто не ви одговара: премногу е мрсен, не е доволно хидратантен или предизвикува иритација. Во продолжение прочитајте неколку корисни совети како да ги искористите производите за убавина за други цели.

Феноменални трикови: Како да ја искористите старата козметика?

1. Крем за лице

Ако кремот е премногу мрсен, искористете го како крем за петици, за раце, за лакти и сл. Ова се делови на телото на коишто им е потребен крем со помрсна текстура. Покрај тоа, кремот што ви предизвикува иритација на кожата можете да го користите за мачкање на кожените чевли, нараквици или чанти.

2. Балсам за усни

Несоодветниот балсам за усни користете го за мачкање на кутикулите на рацете и на нозете.

3. Шампон за коса

Ако шампонот за коса ви предизвикува првут или ја прави вашата коса премногу мрсна, едноставно искористете го за перење на нежните алишта што ги перете на раце – чипка, хулахопки или градници. Освен тоа, со шампонот можете да ги измиете четките за шминкање и детските играчки.

4. Регенератор и маска за коса

Ако регенараторот или маската за коса не се соодветни за вашата коса, искористете ги како пена за бричење. Бричот ќе се лизга по кожата, нема да имате исекотини, а кожата ќе ви биде совршено мазна.

5. Пилинг за лице

Дали пилингот за лице ви е премногу груб? Во тој случај, можете да го искористите како пилинг за рацете и за стапалата или како пилинг за целото тело.

6. Млеко за тело

Несоодветното млеко или лосионот за тело можете да ги искористите на многу начини. Ако вашата коса е наелектризирана или неуредна, ставете мала количина млеко за тело на рацете и поминете низ вашата коса за да ги приберете разлетаните прамени. Исто така, со млекото за тело отстранете го лепилото откако ќе ја извадите налепницата, негувајте ја кожената фотелја или користете го како пена за бричење.

7. Масло за нега на тело

Дали ви пречи мирисот на маслото за тело или има претерано мрсна текстура? Не фрлајте го, туку искористете го на следниот начин: натопете ги нозете во маслото и потоа ставете ги во кеса за замрзнување и одозгора ставете памучни чорапи. Кожата на нозете ќе биде многу мека. Ставете две лажици масло во бањата за да ја омекнете кожата додека лежите во кадата. Исто така, маслото можете да го искористите за подмачкување на кваките на вратите или на синџирите на велосипедот.

8. Дезодоранс

Дезодорансот што не е ефикасен можете да го користите против непријатниот мириси на стапалата: нанесете го навечер пред спиење за да бидете заштитени следниот ден. Исто така, несоодветниот дезодоранс во стик можете да го користите како освежувач на плакарот така што ќе го оставите отворен внатре во плакарот. Ако ви се тријат нозете во текот на летото, решете го проблемот со ставање малку дезодоранс во стик на внатрешната страна на нозете.

9. Серум за лице

Несоодветниот серум за лице можете да го користите како серум за вратот и за деколтето. Освен тоа, можете да го користите и за нега на рацете, пред да нанесете крем за раце.

Прочитајте кои се 12-те необични примени на активниот јаглен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар