Фенг шуи лекции за вечна љубов
Ништо нема да ве чини да ги испробате советите од оваа древна кинеска вештина кои може да ви помогнат да постигнете хармонија во љубовниот, но и во сексуалниот живот. Погледнете што треба да внесете и да исфрлите од вашата спална соба, за љубовта никогаш да не излезе од таму.
Angi Ma Wong, авторка на бестселерот „Фенг шуи – формула за љубов“, составила мал фенг шуи прирачник за среќа во љубовта. Па, што чекате? Почнете да ги применувате овие едноставни правила.
Не носете стари прстени кои сте ги купиле на распродажба или сте ги добиле од непознати луѓе. Прстените ја задржуваат негативната енергија на претходниот сопственик која може да се пренесе на вас.
Ако сте осамени и сакате да пронајдете партнер кој ќе ве сака и разбира, заврзете две црвени или виолетови ленти околу кваката на вратата од спалната соба.
За да уживате цела година во љубовта и да бидете исполнети со позитивна енергија, ставете две рози во вазна во дневната соба или трпезаријата. Тие ќе придонесат да процветаат чувствата.
Немојте да чувате радио апарати кои имаат часовник со црвени бројки, бидејќи тие зрачат со нездрава, негативна енергија која може да го наруши, па и да го уништи вашиот љубовен живот.
За конечно да се посветите на иднината, не оптоварувајте се со детството. Од спалната соба тргнете ги играчките и плишаните мечиња, и љубовта многу полесно ќе влезе во вашиот живот.
Во спалната соба не ставајте електронски уреди како компјутер, факс-уреди и слично, бидејќи нивната негативна енергија ќе се пренесе на вас и на вашиот партнер, па често ќе се карате.
Не купувајте кревет кој има дрвени или метални ногарки, посебно ако врвовите им се остри, бидејќи нивната деструктивна енергија ќе се пренесе на оние кои ќе спијат на него.
Никогаш не ставајте симболи на љубов и љубовни врски во купатилото, бидејќи во него се собира деструктивна енергија од човечкиот измет. Тоа води до кавги, а често и до прекинување на врската.
Ако сакате да го проширите семејството, ставете слика со 7 бебиња или 7 деца во метална рамка и распоредете примероци низ цел стан. Енергијата на овие фотографии ќе ви помогне да постанете родители.
Пред спиење употребувајте миризливи сапуни, пудри и мириси кои ќе направат да се чувствувате сензуално. Вашата енергија ќе го возбуди вашиот партнер, па и сексуалниот живот ќе ви биде многу повозбудлив.
За да ви биде љубовниот, но и сексуалниот живот побогат и поинтензивен, секоја вечер, 7 дена по ред палете свеќи со мирис на портокал, кој сигурно ќе ви ја распламти страста.
Ако немате партнер, а сакате да ја пронајдете личноста со која ќе го поминете остатокот од животот во добро и во зло, на ѕидот во спалната соба ставете слика од два гулаби. Нивната енергија ќе привлече чесен маж во вашиот живот.
За да трае вашата љубов што подолго, покрај сликата на својот партнер ставете срце од розов кварц. На овој начин ќе поттикнете вечно владеење на енергијата на љубовта.
Доколку вашата сексуална енергија е на ниско ниво и ако губите интерес за секс, во северниот дел од домот, додајте повеќе сина боја која ќе ви ја врати изгубената желба.