Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Голем број страници на Фејсбук нудат неодоливи рецепти и начин за нивна подготовка. Без оглед дали станува збор за слатки, стандардна храна или здрави оброци, овие неверојатно креативни страници ни нудат идеални рецепти, меѓу кои секој ќе најде по некоја идеја за одличен ручек, вечера, десерт, ужина… Ние ви нудиме дел од најдобрите, кои во секое време ќе ви понудат полна чинија креативност.

Tasty

(1) Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Tasty е во моментов една од најпопуларните страници на Фејсбук кога станува збор за храната и пијалаците. Досега има 67 милиони следбеници. На оваа страница ќе најдете идеи за најразлични оброци, од појадок до вечера, како и за десерти, грицки… Но, исто така се нудат и интересни начини за подготовка на здрава храна и различни преливи и додатоци во исхраната. Можете да најдете многу рецепти за вегетаријанци, кои можат да бидат одлична замена на стандардниот облик во вечерните часови.

Tastemade

(2) Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Tastemade е слична на претходната. Рецептите за подготовка на храната се претставени во видеа кои не траат подолго од една минута и ги прикажуваат сите потребни состојки. Додека на Tasty, најчесто ќе најдете типично американски оброци, на Tastemade се нудат рецепти кои доаѓаат од сите делови на светот и уверени сме дека ќе задоволат сечиј вкус. Јадењата се подготвуваат во стандардни кујни, какви што имаат луѓето во своите домови.

Sweeten

(3) fejsbuk-stranici-koi-gi-nudat-najvkusnite-onlajn-recepti-www.kafepauza.mk

Љубителите на слатки се големи фанови на страницата Sweeten. Нејзините творци се всушност истите луѓе кои стојат и зад Tastemade, но оваа страница е ориентирана исклучиво кон слатки десерти и слатки јадења. Покрај стандардни, секојдневни рецепти, можете да најдете и интересни рецепти за свечени прилики.

BuzzFeed Food

(4) Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Доколку сте љубители на помалку стандардни јадења, сигурно ќе ви се допадне BuzzFeed Food. На оваа страница можат да се најдат и интересни рецепти за детски оброци, кои се здрави, а во чија подготовка ќе можат и самите тие да се вклучат.

The Scran Line

(5) Фејсбук страници кои ги нудат највкусните онлајн рецепти

Страницата The Scran Line ја создал Ник, кој е професионален готвач. Иако оваа страница нема многу следбеници, Ник е експерт за изработка на вкусни, но и визуелно прекрасни оброци и десерти. Храната изгледа прекрасно и ќе ве намами и вие да подготвите некој од рецептите. Меѓу нив можат, секако, да се најдат и предлози за здрава храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар