Фази низ кои поминува секоја личност која сака некого што не може да го има

Фази низ кои поминува секоја личност која сака некого што не може да го има

Љубовта е прекрасно чувство кое секој треба да го доживее, но, за жал или за среќа, понекогаш таа не може да ви биде возвратена од личноста која вие ја сакате. Во вакви ситуации секој реагира на различни начини, но повеќето поминуваат низ овие 7 фази кои ви ги прикажуваме во продолжение.

Фази низ кои поминува секоја личност која сака некого што не може да го има

1. Реализирање

Во оваа фаза вие одеднаш сфаќате дека навистина ви се допаѓа таа личност, а често може да биде некој ваш познаник со кој се знаете подолго време, како што е некој ваш пријател, соработник и слично. А тогаш, не можете да ја извадите од главата таа личност и секое утро ќе бидете прогонувани со мисли за неа.

2. Мерење на можностите

Во оваа фаза се прашувате дали треба да ги признаете чувствата, како треба да се однесувате, дали треба да ја поканите личноста да излезете заедно и дали ќе ви се исплати ако го направите првиот чекор? Вие поминувате подолго време така разговарајќи си самите со себе, обидувајќи се да го испланирате совршениот начин за да ги признаете своите чувства, но на крај заклучувате дека сѐ ви изгледа лудо. Но, кога ќе дојде време, сѐ ви изгледа некако неверојатно, па кукавички се повлекувате и се враќате онаму од каде што сте почнале, во целосна тишина.

3. Опседнување

Во оваа фаза вие постојано мислите на таа личност. Преку целиот ден и во текот на ноќта. Вие ја демнете на социјалните мрежи, го читате секој коментар и се прашувате зошто немате доволно храброст…

4. Одрекување

Вие се преправате дека воопшто не ви се допаѓа. Се разбира, никогаш и не ви се допаѓала таа личност. Зар би можеле да бидете толку глупави? Така почнувате во главата да си ги вртите сите причини зошто не ви се допаѓа таа личност и зошто не си одговарате. Но, во овие моменти всушност вие повеќе ја засакувате, затоа што сфаќате дека ако не ви била важна, никогаш нема ни да сте размислувале за неа.

Фази низ кои поминува секоја личност која сака некого што не може да го има

5. Ја оставате ситуацијата онаква каква што е

Вие прифаќате дека ви се допаѓа таа личност, но нема што да направите во врска со тоа, па останувате со состојбата онаква каква што е и се обидувате да се навикнете. Тоа е како болка во мускулите која никогаш нема да исчезне, па се обидувате да ги прифатите работите. Постои еден глас во позадина кој ви вели дека вам ви се допаѓа таа личност, но полесно можете да го игнорирате и да го живеете нормално својот ден.

6. Пораз

Вие сфаќате дека не постои нешто што може да ве задржи. Не дека ќе се разбудите еден ден и ќе си кажете дека таа личност повеќе не ви се допаѓа, туку тоа полека ќе почне да се одвива, така што повеќе нема да ви биде во првите утрински мисли, па малку по малку ќе ја заборавите.

7. Повремено сеќавање

По неколку месеци сѐ ќе изгледа како повторно да е во најдобар ред. А потоа, по долго време, одеднаш нешто ќе ве потсети на таа личност и ќе се присетите на она што сте го мислеле и што сте сонувале во врска со вас двајцата… И тоа не е непријатно чувство, туку тогаш се појавува носталгијата. А понекогаш ќе почувствувате и болка, затоа што вие двајцата немате никакви заеднички спомени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар