Фармерките веќе не се во мода: На модната сцена ќе доминираат овие модели
Фармерките се парче облека што беше во тренд со децении, но сега е време тие малку да одморат. Наместо фармерки, во сезоната пролет/лето ќе се носат интересни модели на панталони и здолништа, со различна должина, а секоја жена ќе може да најде нешто што одговара на нејзиниот стил.
1. Тексасно здолниште
View this post on Instagram
Иако фармерките нема да бидат многу актуелни, тексасот не исчезнува целосно. Често ќе гледате здолништа од овој материјал, а тие се одлично парче облека за секојдневни комбинации, за излегување на кафе, во кино или на прошетка. Ова парче облека се комбинира со сите бои, па ќе имате можност да правите различни комбинации.
2. Бермуди
View this post on Instagram
Според дизајнерите, бермудите ќе бидат најголемиот моден тренд оваа сезона. Со ова парче облека можете да правите секојдневни, но и елегантни комбинации.
3. Хеланки
View this post on Instagram
Освен што се удобни, можете да ги комбинирате со многу други парчиња облека. Стил и удобност – сè на едно место, па затоа речиси и да нема жена што не сака хеланки.
4. Плетени панталони
View this post on Instagram
Овој модел веќе ги освои срцата на многу трендсетерки. Овие панталони се многу удобни, па нема причина да не ги сакате. Во комбинација со широка кошула, тие изгледаат феноменално.
5. Панталони во светли бои
View this post on Instagram
Веселите бои ќе бидат актуелни оваа сезона, а пантaлоните во светла боја ќе ја освежат секоја комбинација. Монохроматскиот стил е полн погодок.
Погледнете каков накит ќе се носи во текот на ова лето.