Фантастични кулинарски комбинации кои не би ви паднале на памет

Фантастични кулинарски комбинации кои не би ви паднале на памет

Овие трикови ќе го подобрат вкусот на храната која ја конзумирате, а комбинациите ги препорачуваат готвачите од ексклузивните светски ресторани.

fantastichni-kulinarski-kombinacii-koi-ne-bi-vi-padnale-na-pamet-kafepauza.mk

Морков и шеќер

Иако можеби е чудно да додавате шеќер на зеленчук, ова е стандардниот начин на подготовка на морковите во Франција. Вистинскиот израз за ова јадење е Виши моркови во кое се комбинираат моркови, сол, бибер, шеќер и Виши вода (минерална вода од регионот Виши). Морковот се готви додека не добие глазура. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, а крајниот резултат е преубаво јадење од зеленчук со интензивно портокалова боја.

Кафе и сол

Додајте му на кафето прстофат сол за да го засилите неговиот вкус – оваа употреба на солта е честа и се користи и во скоро сите други јадења. Доволен е само еден прстофат и ќе добиете совршено еспресо.

Домати и шеќер

Користете шеќер наместо сол. Доматите се кисели и со додавање на сол, само добиваат уште покисел вкус. Шеќерот ги засладува и го засилува вкусот на доматите.

Чоколадо и кафе

Кога правите рецепт кој вклучува чоколадо, додајте и малку кафе. Тоа ќе го засили вкусот и аромата на чоколадата без страв дека ќе се почувствува вкусот на кафето.

Месо и анасон

Кога готвите супа и други јадења со месо додадете анасон за да го засилите и обогатите вкусот на месото.

Домати со ливчиња

Кога правите јадења со домати, додадете ги и гранчињата – тие го имаат специфичниот вкус кој сите го сакаме и на јадењето ќе му дадат поизразена арома.

Компир и морско оревче

Во јадењата од компир ставајте сосема малку морско оревче – тоа ќе ги направи компирите побогати, а неговата арома нема да се забележува.

Јаболка и ванила

Јаболката имаат голема количина на киселина и при готвењето потребно е да им се додава шеќер. Повеќето луѓе на јадењата со јаболка им додаваат морско оревче или цимет, но екстрактот од ванила им дава посебна вкусна нота која многумина нема да ја препознаат, но многу ќе им се допадне.

Јагоди и пипер

Свежите јагоди обично се сервираат со шеќер (обичен или во прав), но нивниот вкус ќе го интензивирате доколку додадете ситно мелен пипер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар