Фантастична кампања на „H&M“ која го воодушеви светот
Шведската компанија „H&M“ ја ангажирала моделката Џени Ранк, која носи големина 40, да ја промовира нивната најнова колекција на костими за капење, а тоа предизвика фантастична реакција, особено кај женската публика.Ангажирањето на моделка со облини за промовирање на костими за капење е полн погодок на компанијата, судејќи според неверојатно големиот број позитивни коментари кои ги добија поради оваа кампања.
„Мислиме дека нашата компанија оди во одличен правец и многу сме задоволни од фотографиите. Нашата цел не е да пренесеме некоја посебна порака, ниту да прикажеме некој нов идеал, туку на јасен и инспиративен начин да ја прикажеме најновата летна колекција“ – велат од „H&M“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.