Фантастичен моден каталог од „Revolve Clothing“
Пред 10 години, двајцата другари Мајк Караниколас и Мајкл Менте го создадоа веб-сајтот „Revolve Clothing“. Оттогаш тој стана огромна е-продавница, во која можат да се најдат многу парчиња облека, аксесоари и чевли за мажи и за жени од повеќе од 500 брендови.
По повод десетгодишнината од постоењето на веб-сајтот, тие создадоа уникатна колекција за претстојните празници, составена од 54 парчиња. Парчињата облека се од нивните 39 најпродавани брендови за оваа година, а помеѓу нив се наоѓаат „Current/Elliott“, „Dolce Vita“, „Rebecca Minkoff“, „Mother“, „Stone Cold Fox“, „For Love & Lemons“ и други.
За презентација на каталогот „x REVOLVE“ им помогнала моделката Ана Беатриз Барос, а фотосесијата е направена во Калифорнија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.