Фактори кои можат сериозно да му наштетат на црниот дроб, а за кои не сте свесни!
Црниот дроб е еден од органите во човечкото тело кои најмногу работат, а покрај прекумерното консумирање алкохол и прекумерната употреба на лекови, постојат и други фактори кои негативно можат да се одразат врз неговото здравје.
Прекумерно консумирање газирани пијалаци
Истражувањата покажале дека луѓето кои премногу пијат газирани сокови се соочуваат со зголемен ризик од воспаление на црниот дроб, цироза и фиброза. Ако често ги консумирате овие пијалаци, време е да ги замените со вода.
Консумирање непотребни додатоци/суплементи
Нутриционистите наведуваат дека консумирањето непотребни суплементи има негативен ефект врз здравјето на црниот дроб. Затоа, тие препорачуваат да ги користите само оние суплементи и витамини кои ги препорачал вашиот лекар.
Лоша исхрана
Лекарите постојано ја нагласуваат потребата од здрава и урамнотежена исхрана со оглед на тоа дека лошата исхрана може лесно да го оптовари црниот дроб. Тоа, пак, може да доведе до складирање и таложење на вишокот маснотии кои црниот дроб не можел да ги разложи. Од друга страна, вишокот калории и маснотии може да доведе до оштетување на клетките на црниот дроб.
Недоволно сон
Покрај многуте последици, недостатокот на сон може сериозно да го оштети црниот дроб поради оксидативниот стрес кој може да ја попречи работата на телото да ги преработува мастите и на тој начин да доведе до зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања и дијабетес. Затоа, обидете се да спиете најмалку 8 часа за да му овозможите на црниот дроб да се одмори и непречено да функционира во текот на денот.
Недоволна физичка активност
Експертите препорачуваат дека недоволната физичка активност може да доведе до исклучително опасни последици за вашето здравје меѓу кои и заболувања на црниот дроб. Затоа, важно е да бидете колку што е можно физички поактивни и на тој начин ќе му овозможите на црниот дроб непречено да ја „работи својата работа“ и да остане здрав.
Премногу стрес
Прекумерната и долготрајна изложеност на стрес може значително да влијае врз целокупното здравје вклучувајќи го и црниот дроб. Многубројни истражувања ја покажале поврзаноста меѓу високите нивоа на стрес (анксиозност и депресија) и разноразните заболувања на овој орган. Од друга страна, вреди да се спомене и фактот дека според традиционалната кинеска медицина, повеќето органи се поврзани со емоциите, па така гневот и бесот го блокираат протокот на енергија на црниот дроб.
Откако прочитавте кои фактори можат да му наштетат на црниот дроб, можеби ќе сакате да прочитате и за најдобрата и најлошата храна за црниот дроб.
Извор: citymagazine.danas.rs