Фацијални масажи што се прават секојдневно за одржување на цврстината на кожата на лицето
Добрата вест е што не морате да давате многу пари за да ги пробате овие третмани – вие можете слободно самите да ги правите дома. Во зависност од тоа што сакате да „поправите“ на вашето лице треба да одберете една од масажите што ќе ви ги претставиме во продолжение. Пред да почнете, само нанесете на лицето неколку капки масло или серум, па опуштете се и уживајте во масажите кои ќе имаат неверојатен ефект на вашата кожа.
1. За намалување на надуеноста околу очите
Кожата околу очите е многу тенка, па водете сметка да не ја притискате премногу. Со двата домали прсти правете кругови, започнувајќи од веѓите, односно од челната коска, кон надворешниот агол на окото, па под него и назад кон точката на започнување.
2. За чело без брчки
Користејќи ги двата средни прста и показалци, нежно притиснете ја точката помеѓу веѓите и движете ги прстите кон горе, до косата. Потоа одвојте ги малку, и повторете ја постапката. Правете го ова сè додека не го поминете целото чело.
3. За дефинирање на линијата на брадата
Спојте ги прстите меѓу зглобовите, така што дланките ќе ви се допираат однатре и „потпрете“ ја брадата на нив. Движете ги прстите со благо притискање кон ушите, повторувајќи неколкупати.
4. За јагодиците
Истото движење од претходната масажа може да се направи и тука, само подигнете ги прстите под јагодицата. Масажата комплетирајќи ја со благо штипкање, со цел да ја поттикнете циркулацијата, а со тоа и да направите природно руменило.
Дополнителен совет: Правете ја секоја масажа најмалку 3 минути секојдневно, за да забележите разлика.