Евтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подобро

Евтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подобро

Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата.

Евтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подобро

Совет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата.

Совет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите.

Еве уште неколку дополнителни совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате топлината во вашиот дом

1. Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело).

2. Постелете нешто на вашиот под. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни.

3. Исклучете ги издувните вентилатори во вашиот дом. Тие го повлекуваат топлиот воздух кој се издига на таванот. Ако морате да ги користите, тогаш правете го тоа умерено и не заборавајте да ги исклучувате веднаш откако ќе завршите со активностите.

4. Преместете го вашиот мебел. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар