Евтин и ефикасен избелувач на вашите заби во домашни услови
Сите сакаме блескава насмевка, но скапите третмани кои ги прават забарите во нивните ординации не се достапни за секого. Со овој евтин третман можете да ги избелите забите во домашни услови.
Потребно:
- 3% водород пероксид
- Сода бикарбона
- Течност за уста
- Паста за заби
Процедура:
1. Измешајте еден дел водород пероксид со еден дел течност за уста. Можете да користите каква било течност за плакнење уста. Направете гаргара со мешавината една минута и потоа исплакнете.
2. Измијте ги забите со мешавина од паста за заби и сода бикарбона. За да го направите ова измешајте малку паста за заби со едно лажиче сода бикарбона и пола лажиче вода. Измешајте убаво додека не добиете густа паста. На крајот измијте ги забите со пастата.
Применувајте ја процедурата со внимание, најмногу еднаш до два пати неделно, а откако ќе ја постигнете посакуваната нијанса, намалете на еднаш месечно.
Внимание: Доколку имате осетливи заби, овој третман не е за вас. Ако пак третманот не ви предизвикува непријатно чувство на забите и непцата, задолжително придржувајте се до препорачаната честота за користење, инаку во спротивно може да добиете други непосакувани резултати како оштетена глеѓ и вдлабнатини. Тоа секако е многу полошо од помалку блескава насмевка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.