Еве зошто жените на 30 години се вистински секс-бомби

Еве зошто жените на 30 години се вистински секс-бомби

Ако сте жена која стравува од заокружениот број години 30, многу грешите. Најдобриот период за вас тек допрва доаѓа.

Сексот почнува во 30-тите години. Според најновото истражување на еден портал за запознавање, сексуалната самодоверба кај жените достигнува врв во раните триесетти години. Еве ги фактите кои ја поддржуваат оваа состојба.

eve-zoshto-zhenite-na-30-godini-se-vistinski-seks-bombi-kafepauza.mk

Прифаќање на сопственото тело

Ако во дваесеттите поминуваат многу време пред огледало и се нервираат за секоја маана во својот изглед, во триесеттите веќестануваат свесни за своите достигнувања и квалитети, па полесно се помируваат со физичките недостатоци. Манекенките и моделите од модните списанија и телевизиските икони веќе не им се мерило за убавина и пропорции, па секоја жена почнува да се чувствува многу подобро во сопствената кожа.

Сексуална способност

Просечната жена до овој момент веќе има променето неколку сексуални партнери и добро се има запознаено со своите желби и потреби во спалната соба. Знаејќи што е она што најдобро може да ја задоволи, лесно ги изнесува своите потреби и фантазии, и не се плаши да ги побара од партнерот во интимните моменти. Исто така, таа ги цени своите љубовни вештини и со задоволство ги користи.

Хемија

Бидејќи повеќе нема нереални очекувања од своето тело, жената и самата се чувствува сексуално привлечно. А тоа секако, влијае и на нејзината еротска самодоверба.

Комуникација

После години читање за сексуалноста во разни списанија и еротски романи, жените веќе не се чувствуваат непријатно да разговараат со своите партнери за теми поврзани со сексот и интимата. Од исполнување на своите фантазии, до враќање сексуални услуги, машко-женската комуникација никогаш не функционирала подобро, се разбира, на обострано задоволство.

Задоволство

Сексот за жена во триесеттите веќе не претставува докажување, туку задоволство. Имајќи повеќе искуства со машкиот ментален склоп, жените полесно создаваат врски, па и полесно се опуштаат во текот на односот. Колку е парот подолго заедно, толку подобро функционира под чаршафите. А ако сексуалниот живот западне во монотонија, жените полесно иницираат разговор во врска со тоа и похрабро воведуваат новини во сексуалниот живот кои го враќаат огнот во врската.

Привлечност

Жените во дваесеттите главно ги заведуваат машките со својот физички изглед. Но, како што поминува времето, доаѓа професионалниот и личниот успех, заради кои тие постануваат привлечни во нов, поинаков контекст. Во триесеттите, тие веќе не мора да играат само на картата телесна убавина, туку можат да се потпрат на развиениот интелект. Стануваат самосвесни и похрабри, па знаат дека се уште поинтересни за спротивниот пол.

Долги врски

Во 30-тоте, многу жени влегуваат во долги врски, вклучувајќи ги и браковите. Ова исто така делува на нивната самодоверба, посебно бидејќи на потсвесно ниво тие ја примаат пораката дека некој е подготвен да го помине целиот живот со нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар