Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите - Part 3

Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите

Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите

7. Бескрајно чистење низ домот

Бебињата се слатки и секогаш изгледаат многу чисто на рекламите за пелени, но во реалноста тие моменти не траат долго. Од менување пелени до чистење повраќаници од нивните коси кои се закоравиле во текот на ноќта, па сѐ до раскревање играчки од подот и постојано полнење и празнење на машината за перење, чистењето и раскревањето низ домот никогаш не завршуваат. Секако, сите луѓе чистат низ дома, но родителите мора да го прават ова многу, многу повеќе. А кога децата ќе пораснат, тие и ќе зафаќаат повеќе простор со нивните ствари. За родителите тоа значи многу повеќе наведнување за да се раскренат алиштата од подот, пикање по недостапни места за да се исчисти нивната соба итн. итн.

8. Грижите ги истоштуваат нивните тела

Новите родители ќе почнат да забележуваат како одвреме-навреме им се појавуваат нови бели влакна во косата и нови брчки на лицето. Темните вреќи под очите си доаѓаат веднаш со пристигнувањето на новиот член. Но, не само поради заморот. Постојаните грижи си го прават своето. Да не падне по скалите, да не се чукне од масичката во дневната, да не испие средство за чистење… Потоа, да не ги напаѓаат другите деца во градинка и училиште, да не се здружи со погрешни луѓе, да не се ожени/омажи со погрешната личност. Уште една бескрајна приказна.

Затоа, не чудете се кога ќе ги видите родителите легнати на подот со лицето смачкано на тепихот. Тие се премногу изморени за да станат и да се префрлат на каучот. Но, она што е важно е дека и кога се таму долу, тие сепак се среќни, само немаат сила да се насмеат. 🙂

Прочитајте ги и 8-те реченици кои родителите не треба никогаш да им ги кажат на нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар