Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

„Луѓето се осамени бидејќи градат ѕидови, наместо мостови.“ – Џозеф Њутон

Можете ли да си го замислите животот без мобилен телефон? Тешко е, се разбира. Повеќето од нас секојдневно го користиме мобилниот телефон, без разлика дали е за да зборуваме со нашите блиски, да добиеме некаква информација или пак за забава. Но, сте се запрашале ли што би се случило доколку не сте во можност во секое време да се потпрете на вашиот мобилен телефон? Тогаш сигурно би погледнале и би забележале различни убави нешта околу себе.

Иронично е тоа што уредот што е измислен да ја олесни комуникацијата, може да биде пречка за комуницирање во реалниот живот. Постојат четири поголеми причини поради коишто треба да ја намалите употребата на вашиот мобилен телефон, а нив проследете ги во продолжение.

1. Не мора да бидете достапни во секоја секунда од денот

Сигурно повеќето од вас сте во таква позиција којашто ви овозможува одвреме-навреме да ги исклучите своите телефони. Освен ако не сте на работна позиција којашто од вас бара да бидете постојано достапни на телефон, можете да се оддалечите од електронските уреди. Не грижете се доколку веднаш не оговорите на некоја порака или на некој имејл, затоа што не е крај на светот. Всушност, ова може да ви помогне подобро да размислите како ќе одговорите, а исто така ви дава мир. Научете повеќе да го цените сегашниот момент.

2. Телефоните се направени за комуницирање со луѓето, а не за нивно избегнување

Дали ви се случило некогаш да зборувате со некој, а сè што слушате како одговор е слабо мрморење додека тој/таа зјапа во својот телефон или лаптоп? Или пак можеби некогаш сте биле премногу зафатени со случувањата на вашиот телефон, па не сте забележале некој околу вас? Ако ви се случило ова, тогаш запрашајте се: Зошто се чувствувате поудобно во некои моменти додека го користите вашиот телефон? Дали тоа се случува поради тоа што имате итна потреба или пак едноставно сакате да го избегнете чувството на неудобност? Не сите неудобности се лоши. Неудобноста може да биде знак на раст. Всушност, тоа е еден вид можност да се поврзете со другите и притоа да научите нешто ново.

3. Телефонот не го заменува дружењето

Иако телефонот ја олеснува комуникацијата на која било далечина, сепак, во никој случај тоа не е подобро отколку средбата лице в лице. Дури и кога би поминувале месеци или години комуницирајќи со некој преку телефон, не би можеле да се чувствувате исто сè додека вистински не се запознаете со личноста. Имајте на ум дека треба да ја одржувате рамнотежата помеѓу времето поминато на телефон и времето поминато во средби со луѓето.

4. Телефоните се корисни, но користете ги мудро

Без сомнение, телефоните се одлични за многу нешта. Тие може да ви помогнат при закажувањето состаноци, со нив имате брз и лесен пристап до информации и многу други корисни работи коишто може да ви го олеснат секојдневието. Но, не заборавајте да поставите граница помеѓу електронските уреди и вашите животи. Со сигурност можеме да кажеме дека телефоните не можат да ја заменат радоста и смеата споделени со вашите блиски, ниту пак може да ви откријат нови места и да ве запознаат со нови луѓе. Затоа, користете ги правилно доколку сакате да бидете исполнети и среќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар