Еве зошто не треба да ги чувате тампоните во бањата, но ниту во чантата
Постои ризик од развој на вагинални инфекции заради можната појава на мувла и габички. Памукот е добра подлога за нивен развој кога тампонот се чува во влажно и топло опкружување.
„Иако е најлогично тампоните да се чуваат во бањата за да ни бидат најблиску кога ќе ни бидат најпотребни, сепак тоа не е добра идеја“, тврди д-р Алиса Двек од Њујорк.
Таа објаснува дека тампоните во топлите и влажни бањи се погодна подлога за развој на мувла и бактерии кои понатаму може да предизвикаат вагинални инфекции. Подобра идеја е да ги чувате во плакарот на студено и суво место.
„Размислете, памукот е подложен за развој на бактерии и затоа е подобро тампоните да не се чуваат во влажно и топло опкружување“, вели д-р Двек.
Таа опишува и што се случува кога во вагината ќе се стави еден ваков тампон. Вели дека тогаш може да се појави чешање и зголемен исцедок, бидејќи вагината се обидува да ја одржи својата природна pH вредност.
Д-р Двек додадва и дека жените би требало да бидат внимателни со носењето тампони на дното од чантата. Напоменува дека тампоните најчесто имаат рок на траење до 5 години од излегувањето од производниот погон и лесно може да се случи тоа време да помине, а за тоа воопшто да не сме свесни.
Исто така, тампоните може да се извалкаат од прашината која е честа во чантите, откако нивната заштитна обвивка ќе се оштети од работите кои се наоѓаат околу нив.
Дознајте и кои се најчестите грешки при користењето на тампоните.