Еве зошто да излегувате со девојка која не е ваш тип

Еве зошто да излегувате со девојка која не е ваш тип

Можеби токму тоа е она што ви треба – девојка за која сте убедени дека не е ваш тип. Обидете се, можеби сепак ќе бидете позитивно изненадени.

0-eve-zoshto-da-izleguvate-so-devojka-koja-ne-e-vash-tip-kafepauza.mk

Излегувајте со девојка која ве изненадува. Некоја која од нејзината насмевка ќе измами две ваши. Без разлика дали сега ви се вкрстуваат патиштата или се знаете отсекогаш, излегувајте со девојка која ќе даде поинаква светлина на работите од вашата.

Излегувајте со девојка која со нејзините размислувања ќе ве натера да си ги преиспитувате вашите. Не е важно дали ќе започнете да го менувате мислењето околу одредена работа или ќе останете на своето, најважно е што ве натерала да слушате.

Излегувајте со девојка која истовремено сака да ве слуша, но и да зборува. Во 20-те години сфаќаме дека не постојат многу луѓе кои можат да го постигнат овој ефект врз нас.

Излегувајте со девојка која ја носи музиката во вашиот живот. Без разлика дали таа ве потсетува на вашата омилена песна или ќе посакате да биде со вас само што ќе ги чуете првите акорди на гитарата. Доколку не сте по музиката, можеби се поврзувате преку поезија, проза, комбинација на различни нешта, па дури и преку боите во една слика.

Излегувајте со девојка која ќе ја размрда страста во вашиот живот.

eve-zoshto-da-izleguvate-so-devojka-koja-ne-e-vash-tip-kafeauza.mk

Излегувајте со девојка со која вистински уживате да го поминувате времето. Некоја која ќе ја измами вашата најголема насмевка. Без разлика дали е тоа нешто тривијално или генијално или нешто сосема детски како на пример да ви направи смешна фаца.

Излегувајте со девојка која ве фаќа неподготвени. Без разлика дали знае да ви изрецитира дијалог од вашиот омилен филм за кој сè уште никој не знае или пак инстиктивно знае дали треба да ви даде охрабрување или ладно пиво.

Излегувајте со девојка која не сте знаеле дека е ваш тип. Не само зошто таа е девојката која чита, патува, вежба јога, таа е и девојката пред која ќе ја спуштите главата и ќе размислите два пати. Поканете ја на состанок и дозволете животот да ве изненади со позитивен одговор на вашата одлука.

Излегувајте со девојка која има способност да ви измами насмевка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар