Еве зошто 40-тите се најтешките години за една личност: Дали е тоа почеток на нов живот или целосно уништување на стариот?
Постојат два многу значајни периоди во животот на човекот проследени со кризи, а нивниот исход може да влијае врз иднината. Тоа се „тинејџерската криза“ и кризата во 40-тите години.
И двете кризи, како по правило, предизвикуваат силни емоции кои доведуваат до ненадејни одлуки.
40 години. Некој што го поминал тој магичен број ќе рече: „Тоа е сè уште младост“. Додека адолесцентите оваа возраст ќе ја наречат „старост“.
Но, поради некоја причина, личноста која се приближува до својот 40-ти роденден, категорично ќе одбие да го прослави тој датум. На тој ден, внимателно ќе застане пред огледалото и ќе ги побара новите брчки, броејќи ги попатно и сивите влакна.
Појавата на нови брчки кај луѓето во овој период предизвикува неверојатна емоција: болка, тага, незадоволство, затоа што сметаат дека им се случува пресврт. Сега веќе – тие се официјално стари!
Оваа криза не трае само една година и секогаш се случува околу роденденот. Во зависност од карактерот на личноста, може да трае од 35 години до 45 години, но обично се јавува од 38 до 42 години.
Во психологијата, овој период се нарекува „криза на идентитет“. Оваа криза се случува со секој човек што се обидува да одговори на прашањето „Кој сум јас?“.
Многу психолози сметаат дека кризата на средни години е најлоша во животот на една личност. Тоа е период кога човекот, сфаќајќи дека половина од својот живот веќе поминал, погледнува наназад и се прашува себеси: „И кој сум јас во овој живот? Што постигнав? Што можев да направам? Кој сум сега?”.
Потоа, секоја личност веќе е во услови кои психолошки се значително поразлични од претходните. Ова е период тој е во средината: од една страна се неговите родители, а од друга, неговите деца. Во повеќето случаи, децата се веќе тинејџери, а родителите се стари луѓе, желни за внимание.
Во овој период од животот, личноста сфаќа дека е одговорна за себе, за својата судбина и за семејството. Секој што има семејство е под притисокот на одговорноста кон децата и кон родителите. И сè додека родителите се живи, сè додека се силни, додека можат да се грижат за себе, тие се чувствуваат заштитено и безбедно.
Што се случува во главата на еден човек што минува низ „средовечна криза“?
Ако на 20-годишна возраст се даваа ветувања, сега е време тие да се исполнат. Сега тој е под притисок од зголемената свесност дека соништата се едно, а реалноста е друга. Тогаш сфаќаме кои работи се навистина важни во животот. Главното мото на 40-годишникот е:
„Треба да најдам време за најважните работи.“
Приближувајќи се кон овој период, нешто длабоко во нас почнува да се буди. Сега знаеме како да живееме, но она што треба да се случи не се случува. „Правилниот“ начин на живот не се исплаќа. Затоа човекот се менува, се ослободува од притисокот на општеството и тргнува кон сопствена авантура.
Овој став најмногу влијае врз семејството и работата. Овие две области се најважни за него, така што промените се случуваат најмногу на овие полиња. Затоа овие промени имаат и најголемо влијание врз менталното здравје на една личност.
Психолозите имаат дефиниција за средновековниот период што гласи:
Кризата во средовечноста е психолошки феномен што го доживеале луѓето кои достигнале 40-45 години и се состои во критичко оценување на она што го постигнале во нивните животи.
Во овој период, личноста може да промени сè: местото на живеење, земјата, работата, опкружувањето, семејството.
Промените може да бидат погрешни и радикални. Сепак, тоа е време кога човекот може да го смени неговиот став за многу прашања. Тој може да сфати што е важно за него и да започне да го гради својот живот според негово убедување.
Луѓето кои ја минале кризата во 40-тите години и кои се осознале самите себе, сега се во хармонија со себе.
Ова е причината зошто се важни некои нешта од минатото: помирувањето со родителите, унапредувањето на семејниот живот, напредокот во кариерата, зголемувањето на самодовербата…
Но, за целосно уживање во сите овие придобивки, потребна е храброст да се сфатите себеси и да се прифатите доживувајќи една од најтешките кризи за секоја личност – средовечната криза.
Можеби сакате да дознаете и дека ако нешто не се одвива според планот, се одвива според судбината: Најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку се надеваме!