Еве што значи ако имате постојано зуење во ушите

Еве што значи ако имате постојано зуење во ушите

Дали некогаш сте искусиле ѕвонење, зуење или слични звуци кои другите не ги слушаат – и се запрашувате дали само го замислувате тоа? Всушност, не си замислувате. Можно е да имате ѕвонење во ушите, што значи дека слушате звуци или вибрации во ушите иако надвор никој не ги слуша.

Еве што значи ако имате постојано зуење во ушите

Ѕвонењето во ушите е чест феномен. Се дефинира како „перцепција на звук кој не може да биде објективно измерен“. До некој степен, сосема е нормално да слушате звуци кои другите не ги слушаат.

Одредено ниво на звук внатре во вашите уши или глава е сосема нормално – кое посебно се појавува кај лица кои се наоѓаат во тивки околини, вели д-р Вилијам Рајсахер. Овие звуци најчесто не се забележуваат бидејќи поинтересни се звуците кои доаѓаат однадвор.

Проблемот се јавува кога се слушаат овие звуци во околина во којашто не е тивко, и тие започнуваат да се мешаат со секојдневните звуци. За некои, тие звуци се поврзани со анксиозност и депресија.

Како да проверите дека имате ѕвонење во ушите

Знаците се ѕвонење, тонови со висока фреквенција, свиркање, пискање, пулсирање или други звуци. Но, ова искуство зависи од човек до човек. Вревата може да биде повремена или постојана, како и зачестена или поретка. Некои луѓе слушаат музика иако однадвор не се слуша ништо, велат докторите.

За да бидете сигурни, докторот може да ви направи тест за слух. Понекогаш се прават и скенирања или подетални тестови во кои се утврдува како ова влијае врз вашиот живот.

Ова не е состојба, туку физичарите го нарекуваат симптом што сигнализира дека нешто не е во ред со вашиот слушен систем. Обично, ова ѕвонење се појавува поради оштетување на слухот. А, додека за некои ова е кратко и неважно, постојат случаи во кои се менува од психички и физички аспект. Некои состојби предизвикани од ѕвонење на ушите се мигрени, трауми и грчеви во мускулите.

Како се лечи ѕвонењето во ушите?

Ѕвонењето најдобро се третира со ушни помагала поради губењето на слухот. Лекарства, операции и други процедури исто така се применуваат при инфекции или заглавен восок, вели Рајсахер. Исто така, се користат други звуци од околината за да се прикрие ѕвонењето. Тоа помага при одвлекување на вниманието кон ѕвонењето.

Постојат начини да се контролира и намали оваа состојба. Еден од препорачаните методи е терапијата на однесување, која е добро прифатена од страна на пациентите. Се препорачуваат и звучни терапии, хипнотерапија итн. Понекогаш се препишуваат лекарства за состојби поврзани со анксиозност и депресија.

Доколку ѕвонењето не престане, се препорачува преглед на доктор кој е специјалист.

Дури и да престане, не е загарантирано дека ѕвонењето не може повторно да се појави. Но, грижете се за вашето здравје со тоа што ќе правите редовни тестови за слух.

Прочитајте и зошто лошото држење на телото е штетно за здравјето и како да го поправите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар