Еве на кој начин се заљубуваат силните жени
Силните жени не бегаат од љубовта. Тие гледаат самоуверено и предизвикувачки. Иако понекогаш се и малку нервозни, силните жени цврсто стојат до личноста на која сакаат да ѝ го подарат своето внимание. Овие жени имаат големи очекувања од љубовта и не се задоволуваат само со испратени мешани сигнали. Тие зборуваат отворено и не се плашат да ви постават какви било прашања, кои понекогаш може и ќе ве замислат.
Силните жени веруваат во „старомодната“ љубов, а не во новите правила и сфаќања за состанувањето. Тие не ги кријат своите чувства и целосно се отворени кон себе, ги прифаќаат своите тело и душа, онакви какви што се. За нив, љубовта е едноставно љубов. Тие го следат нивното срце и љубат смело и сигурно. Нивните искрени зборови допираат до многу срца и прават другите да имаат поинакво сфаќање за љубовта. Тие се најблескавите ѕвезди што ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви подарат светлина која ќе го осветлува вашиот живот, ќе ја разгори вашата страст и ќе направи да се чувствувате живи. Тие кај вас ќе ја разбудат желбата за љубов и надежта во неа, истовремено предизвикувајќи ве да бидете подобра личност.
Силните жени не се плашат од љубов. Тие знаат точно во што се впуштаат и со секој момент кој го поминувате заедно уживаат во пламенот на привлечноста кој постои помеѓу вас. Со секоја откриена тајна, тие на некој начин ве вклучуваат во нивниот свет, а со секој поглед тие повторно опасно се заљубуваат во вас. Овие жени ја дочекуваат љубовта со раширени раце. Тие не пристапуваат несигурно, туку преземаат храбри чекори за да го освојат вашето срце. Не зјапаат во празно, туку ви се приближуваат за да ве бакнат и да ви кажат колку им значите.
Силните жени не дозволуваат помислата за крајот на вашата врска да им ги уништи прекрасните моменти. Тие уживаат во вашето заедничко патување и знаат дека некои работи во животот не треба да се брзаат. Овие жени ја прифаќаат реалноста, не го идеализираат она што го имаат и живеат во сегашниот момент, без лудо да се опседнуваат со она што им го носи иднината. Тие сакаат со целото свое срце, не се жалат за тоа што го имаат, не се плашат од притисокот кој го доживуваат и цврсто се држат до своите принципи и ставови.
Силните жени не се жалат дури и да не успее нивната љубовна врска, бидејќи знаат дека вредело што сакале и што се обиделе. Доколку пак успее, тие ќе ви ветат дека ќе имате една прекрасна заедничка и среќна љубовна приказна, со сета љубов што можат да ви ја подарат.
Прочитајте ги и овие 11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов.
nema silni zeni vo ljubovta ima samo glupaci