Еве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врска

Еве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врска

Доколку вашиот партнер е од оние кои одбегнуваат да се приврзуваат тоа може да биде вистински предизвик затоа што таквите луѓе имаат тенденција да ја избегнуваат емоционалната интимност, а чувството на блискост во врската ги тера да се чувствуваат непријатно.

Еве како да постапите доколку вашиот партнер одбива да се приврзува во љубовната врска

Честопати, тоа се луѓе кои се борат да ги изразат своите чувства, не сакаат да покажат моменти на слабост и се повлекуваат од партнерот кога се чувствуваат преоптоварени или вознемирени. Затоа, доколку се справувате со ваков тип на предизвик, неопходно е да покажете трпение, разбирање и сочувство така што ќе ги примените овие совети.

1. Разберете го начинот на приврзување на партнерот

Разбирањето на начинот на приврзување на вашиот партнер е клучно за градење здрава и исполнета врска. Ова може да ви помогне да бидете потрпеливи со него, дури и ако неговото однесување ви се чини неприфатливо на прв поглед.

2. Обидете се да не го сфаќате лично неговото однесување

Важно е да запомните дека постои голема веројатност партнерот да се бори со емоционална интимност и можеби ќе му треба повеќе простор во врската. Тоа значи дека е особено важно да не го сфаќате лично неговото однесување бидејќи тоа не е одраз на вашата вредност или неговите чувства кон вас. Наместо тоа, обидете се да бидете разбирливи и да го поддржувате, давајќи му време и простор за да се чувствува удобно и сигурно во врската.

3. Бидете трпеливи со партнерот

Бидете трпеливи со партнерот и отстапете му време и простор во врската. Тоа ќе доведе до создавање средина која поттикнува емоционална интимност и блискост. Со тоа што ќе му дадете време и простор да се чувствува удобно и сигурно во врската, можете да придонесете за креирање подлабока врска која ќе биде изградена од доверба и взаемно почитување.

4. Секогаш комуницирајте отворено и јасно со него

Во оваа ситуација, јасната и директна комуникација е од суштинско значење. Ова значи да ги изразите вашите потреби и очекувања на директен начин, а истовремено да покажете дека сте заинтересирани да ја слушнете неговата перспектива.

5. Не обидувајте се да го контролирате неговото однесување

Обидот да го контролирате однесувањето на вашиот партнер не е корисно за градење здрав однос со него. Наместо да се обидувате да го промените или контролирате, попродуктивно е да го прашате што му треба од вас за да се чувствува сакано и исполнето.

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар